Македонски активисти со новогодишни пакетчиња, израдуваа дел од Македончињата во Општина Пустец

December 27, 2025
1 min read

Македонските активисти, Едмонд Темелко, претседател на друштвото „Преспа“ и Елена Симонофски претседателка на здружението „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“, продолжуваат со распределба на новогодишни пакетчиња за Македончињата во Албанија, со цел, како што велат „да внесеме радост и насмевки кај најмладите Македончиња за време на празниците“.

Тие денеска радост и насмевка им донесоа на дечињата од селата Туминец и Горна Горица, Општина Пустец.

-Денеска ги посетивме Туминец и Горна Горица, каде со многу љубов им поделивме пакетчиња на децата и календари со знакот на ВМРО-ДПМНЕ Албанија. Насмеани лица, топли прегратки и извикување „Среќна нова Година!“ – тоа е нашата сила, напиша Темелко на Фејсбук.

Преспа, посочува, „заслужува повеќе и токму со љубов, посветеност и конкретни дела, ќе продолжиме да го градиме тоа повеќе“.

Македонските активисти вчера престојуваа во областа Голо Брдо, каде на децата од неколку села им подарија новогодишни пакетчиња.

-На радоста на децата и немаше крај, а нивната насмевка за нас беше најголемиот поттик да продолжиме со вакви и слични активности, со кои Македонците во оваа област ќе почувствуваат дека не се заборавени, рече за МИА, Темелко, по посетата на Голо Брдо.

Најави дека продолжуваат со ова активност, а вечерва, во организација на „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“, во Корча за првпат се организира македонска вечер.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тоневски: Ќе продолжиме да вложуваме во младите и нивните идеи

Следно

Тимот на Емери оди по титулата: Вила го победи Челзи и испиша историја!

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop