Македонската минимална плата – европска желба, балканска реалност

April 11, 2025
1 min read

Минималната плата во Македонија, која од март изнесува 24.379 денари или околу 396 евра, е за 155 евра пониска дури и од најниската минимална плата во Европската Унија – онаа во Бугарија, каде работниците добиваат 551 евро месечно.

Според најновите податоци на Евростат, по Бугарија следуваат Унгарија со минимална плата од 707 евра, Летонија со 740, Романија со 814, Словачка со 816, Чешка со 826, Естонија со 886, Малта со 961, Грција со 968, и Хрватска со 970 евра.

Во втората група се земјите со минимални плати меѓу 1.000 и 1.500 евра: Кипар (1.000 евра), Португалија (1.015), Литванија (1.038), Полска (1.091), Словенија (1.278) и Шпанија со 1.381 евра.

Највисоки минимални плати се исплаќаат во Франција (1.802 евра), Белгија (2.070), Германија (2.161), Холандија (2.193), Ирска (2.282) и Луксембург, кој предничи со минимална плата од 2.638 евра месечно.

„Разликата меѓу највисоката и најниската минимална плата во ЕУ изнесува 4,8 пати. Но, ако се земат предвид разликите во животниот стандард и цените, таа разлика е нешто помала,“ велат од Евростат.

Од вкупно 27 земји-членки на ЕУ, 22 имаат законски утврдена минимална плата. Исклучок се Данска, Италија, Австрија, Финска и Шведска, каде минималните плати се регулираат преку колективни договори.

– Минималната плата треба да расте за да го зачува животниот стандард на најранливите категории, но треба да се внимава на неколку аспекти. Прво, каков товар носи зголемувањето за работодавачите и Буџетот. Второ, како ќе влијае врз инфлацијата – особено ако растот внесе повеќе пари во економијата. Засега, цените се во опаѓање, особено кај храната, и потребна е внимателна политика за да се задржи тој тренд, изјави Марјан Петрески од „Фајнанс тинк“ на денешниот економски форум „Зајакнување на работоспособните жени“

Тој додаде дека, за разлика од умерениот раст на платите, линеарното зголемување на пензиите оди спротивно на фискалната консолидација.

– Реалниот раст на платите сè уште е позитивен, иако е понизок од минатата година. Но, зголемувањето на пензиите беше преголемо и придонесе за повисока потрошувачка, ценовни притисоци и товар врз Буџетот – заклучи Петрески.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претседателот на Туркије, Ердоган, се сретна со црногорскиот претседател Милатовиќ

Следно

Во недела посебен режим на сообраќај во Скопје

Latest from Blog

Бакарот станува стратешки ресурс – може ли Македонија да го претвори својот минерален потенцијал во економска можност?

Бакарот добива сè поголемо значење на глобалните пазари, додека аналитичарите предупредуваат на можен недостиг од 2027 година. Според UBS Group, дефицитот на металот следната година би можел да достигне 379.000 тони, во

Клучен енергетски објект што го снабдува Киев со греење и електрична енергија е погоден од руски балистички ракети

Енергетскиот објект и станбена зграда беа погодени во напад за кој претседателот рече дека дошол „без рано предупредување од  партнеритe“. Киев објави повеќе руски напади откако Трамп изјави дека Русија и Украина
Go toTop