Македонската книжевност и оваа година на Саемот на книгата во Франкфурт

October 18, 2024
1 min read

Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) оваа година по четврти пат ќе ја претставува современата македонска книжевност на 75. издание на Саемот на книгата во Франкфурт, што ќе се одржи од 16 до 20 октомври, информираат во асоцијацијата.

„МАИ изминатиот период од неколку месеци работеше на обемен проект – превод од македонски на англиски на 11 репрезентативни дела од современата македонска книжевност. Некои од преводите ги изработија самите автори кои се англисти, а останатите врвни преведувачи од македонски на англиски. Современите дела ќе ги понудиме на широкораспространетиот англиски јазик, со цел што повеќе издавачи од светот да можат да ја прочитаат нивната содржина“, вели Бојан Саздов, претседател на МАИ.

На саемот ќе има и каталог во кој се претставени 50 автори-претставници на современата македонски книжевност. На штандот ќе бидат претставени и бројните преводи на овие наши автори на големите светски јазици, како англиски, француски, германски, шпански, италијански.

Саемот на книгата во Франкфурт, кој се смета за најголема и најпосетена манифестација од овој тип, оваа година се одржува по 75-ти пат. Земја која оваа година е почесен гостин е Италија. На саемот ќе учествуваат над 4.000 изложувачи од 95 земји во светот. На саемот ќе има над 2.600 настани, 7.000 новинари од 64 земји и претставници на 324 агенции за авторски права. Досега, пред почетокот на саемот, влезници имаат купено 105.000 посетители.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Oтстранети двајца доктори од Детска клиника, за нив се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Следно

Владата преку Министерството за локална самоуправа и во партнерство со УНДП и Швајцарска амбасада пристапува кон процес на дебата за промени на Законот за локална самоуправа

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop