Македонската држава почива на вредностите на НОБ, било какво бришење е удар врз историјата, вели СДСМ

January 26, 2025
1 min read

СДСМ остро реагира и се противи на најавите на градоначалникот на Тетово, Билал Касами, за преименување на улиците во градот кои носат имиња од нашето антифашистичкото минато.

„На вредностите од НОБ и антифашизмот почива современата македонска држава. Било какво бришење на најсветлите страници на македонската историја значат удар врз темелот на којшто почива државата. Значењето на партизанската борба и нејзините идеалите никој не смее да ја омаловажува, брише и пребришува“ рече Андријана Томовска, членка на Извршниот одбор на СДСМ.

Таа додаде дека нејзината партија како наследник и поддржувач на НОБ и антифашизмот се противстави на овие најави на Касами.

„Советниците на СДСМ ќе застанат силно против преименувањето на улиците. Како коалициски партнер на Касами, бараме Мицкоски јавно да го повика да се повлече од овој предлог. А советниците на ДПМНЕ исто така да се спротивстават и да застанат против, со што оваа одлука нема да се донесе“ рече Томовска.

Таа кажа дека СДСМ јавно ги осудува намерите на Касами да создаде нови поделби, раздор меѓу граѓаните и етнички тензии.

„Националистичките сценарија на Касами се на штета на сите граѓани без разлика на етничка или партиска припадност“ рече Томовска.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сиљановска-Давкова ќе присуствува на одбележувањето на 80. годишнината од ослободувањето на германскиот нацистички концентрационен логор Аушвиц-Биркенау

Следно

Директорот на ЈСП за вчерашниот пожар во кој изгоре автобус во Сопиште: „Имаме одредени сознанија“

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop