Македонска делегација предводена од претседателката Сиљановска во Рим по повод чествувањето на денот на Кирил и Методиј

May 23, 2025
1 min read

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска и утре (23 и 24 мај) престојува во Рим, Италија, како член на државно-црковната делегација предводена од претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, по повод чествувањето на денот на светите браќа Кирил и Методиј.

Делегацијата денеска присуствуваше на молебенот во базиликата „Сан
Клементе“ во Рим, со кој чиноначалствуваа владиците Јосиф и Јаков, заедно со претставници од Македонската православна црква – Охридска
архиепископија.

Во рамките на културната програма, организирана по повод манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“, министерот Љутков утре (24 мај) ќе присуствува и ќе има обраќање на концертот на маестро Симон Трпчески и квинтетот „Македонисимо“, што ќе се одржи во историскиот простор „Хорти Салустијани“ („Horti Sallustiani“) во вечниот Рим. Ќе бидат изведени дела од Едвард Григ, Петар Илич Чајковски и македонскиот композитор Панде Шахов.

Претходно, според предвидената агенда, државно-црковната делегација утре ќе го посети гробот на папата Франциск, а ќе положи и свежо цвеќе пред спомен-плочата на македонски јазик во чест на Свети Кирил во базиликата „Санта Марија Маџоре“.

Поклонението на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим е востановено во 1969 година, по повод 1100-годишнината од неговата смрт, и оттогаш се одбележува секоја година на 24 мај, со највисоки почести од државно-црковната делегација.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Делегацијата од Министерство за култура за прошетката во Јапонија потроши над 3,6 МИЛИОНИ!

Следно

Првата дама на Турција на затворањето на Меѓународниот форум за семејство

Latest from Blog

Мерц остро одговори на заканите на Трамп: Доколку сакате да помогнете…

На конференцијата „Иницијатива за идни инвестиции“ (FII) во Мајами Бич, Флорида, Трамп прво повторно ги нападна сојузниците на НАТО, Франција и Велика Британија. Потоа се сврте кон Германија. „Германскиот канцелар – сите

Мерц остро одговори на заканите на Трамп: Доколку сакате да помогнете…

На конференцијата „Иницијатива за идни инвестиции“ (FII) во Мајами Бич, Флорида, Трамп прво повторно ги нападна сојузниците на НАТО, Франција и Велика Британија. Потоа се сврте кон Германија. „Германскиот канцелар – сите

Министерството за спорт и САДУ потпишаа колективен договор: Етапно зголемување на платите до 21% и бројни придобивки за вработените

Министерството за спорт претставено од министерот Борко Ристовски и Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство (САДУ), претставуван од претседателот Благоја Ралповски, денеска склучија Колективен договор за вработените во Министерството. Ова, како
Go toTop