Македонка избодена до смрт во Германија

February 23, 2024
1 min read

Четириесет и едногодишна жена била пронајдена мртва во стан во градот Есен, Германија, пренесува германскиот весник „Билд“. Жената, која според пишувањата на германските медиуми била од Северна Македонија, пред една недела била пронајдена избодена и облеана во крв, а случајот во полиција го пријавил нејзиниот 16-годишен син.

Лекар од Итната медицинска помош и болничари се обиделе да ја реанимираат мајката, но таа им подлегнала на повредите.

Според пишувањата на „Билд“, постариот син на жртвата ја алармирал полицијата кога дошол дома околу 19 часот и видел како неговиот помал брат (8) стоел пред заклучената врата од станот и бил целосно вознемирен и рекол дека мајка му била внатре и лежела на подот повредена.

 

Германските медиуми пишуваат дека полицијата на самото место пронашла докази кои, според соопштението, укажуваат дека осомничен е 47-годишен маж со македонско потекло. Откако било пријавено полицијата, започнала потера, а тој преку итниот повик сам се пријавил во полицијата во Гелзенкирхен. Без отпор дозволил да биде уапсен од полициски службеници на соседниот град.

Сè уште не е јасен мотивот за злосторството.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Педијатрите откриваат која храна е забранета за нивните деца

Следно

Полиција распоредена пред ОУ „Владислав Рибникар“, ученик донел нож

Latest from Blog

Собрани над 2,5 милиони долари за херојот кој го запре напаѓачот во Сиднеј

Ахмед ал-Ахмед, 43-годишен продавач на овошје со сириско потекло, стана национален херој откако храбро интервенирал за време на смртоносната престрелка на плажата Бонди минатата недела. Додека се опоравува од тешки повреди во

За прв пат во Македонија е изведена операција со навигациски систем за тотална протеза на колк

Денес, на Клиниката за ТОАРИЛУЦ во Скопје, за прв пат во Македонија е изведена операција со навигациски систем за тотална протеза на колк, објави на својот фејсбук Д-р Игор Мерџаноски, директор на
Go toTop