Македонија вечерва против Унгарија го започнува Светското ракометно првенство

January 15, 2025
1 min read

Против селекцијата на Унгарија, македонската ракометна репрезентација го започнува своето деветто Светско ракометно првенство.

Избраниците на селекторот Кире Лазаров најавуваат дека се подготвени за дуелот против фаворитот Унгарија, откако синоќа го одржаа својот последен тренинг пред почетокот на првенството.

Македонската репрезентација своите натрпевари во прелиминарната фаза ги игра во Вараждин, а натпреварот со Унгарија започнува вечерва во 20:30 часот.

Голем број на македонски навивачи се упатија во Хрватска за да ја бодрат Македонија да го изненади силниот ривал и да имаат успешно Светско првенство.

Светското ракометно првенство 2025 година се одржува во Хрватска, Данска и Норвешка, а ќе настапат вкупно 32 земји. Репрезентациите се поделени во осум групи со по четири екипи, а Македонија покрај со Унгарија е во група и со Холандија и Гвинеја.

За пласман во главната рунда од натрпеварувањето, македонските ракометари треба да завршат на едно од првите три места во групата.

Во второто коло Македонија ќе игра против Холандија на 17 јануари, додека последниот натпревар од прелиминарната рунда ќе биде натпреварот со Гвинеја на 19 јануари.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска ќе учествува на престижниот Берлински енергетски форум

Следно

Внимателно возете, кашест снег на коловозот!

Latest from Blog

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение
Go toTop