Македонија вечерва го пречекува Велс, продадени околу 20.000 билети

March 25, 2025
1 min read

Македонската А репрезентација денеска против Велс го игра натпреварот од второто коло од квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство 2026.

Селекторот Благоја Милевски на вчерашната прес-конференција истакна дека Велс е анализиран и мисли дека се подготвени.

-Ние не сме фаворити. Според ранкингот и квалитетот на Велс се работи за противник кој екстра квалитетни играчи. Сепак, во спортот не секогаш фаворитите победуваат. На нас е да бидеме максимално подготвени, а колку ќе успееме до позитивен резултат ќе видиме. Велс е можеби најсериозен противник откако сум досега на кормилото на А-репрезентацијата. Ова е компактна селекција, тркачки совршена, технички многу унапредена и не очекува сериозен тест. Сега ќе играме со различен противник од саботата, вели Милевски.

Голманот Столе Димитриевски истакна дека во овие тешки момент народот мора да биде сплотен.

-Пред натпреварот со Лихтенштајн беше доста тешко поради трагедијата. По случувањата во претходните денови ми беше тешко да заспијам, бидејќи бев емотивен по тоа што го видов. Сега ова што ни следува, на Македонија и овој народ му е потребен љубов. Треба да бидеме сплотени и сите заедно, целиот народ. Во овој момент не помага ништо, па можеме да дадеме само љубов. Мојата порака до народот е да бидеме сплотени. Секогаш кога доаѓав на прес-конференции имавме „чиста мрежа“, ајде нека биде така и против Велс. Нека биде ова нова среќа. Би сакал да имаме нов добар натпревар, работиме на тоа и подготвени сме. Ако успееме да се одбраниме имаме најмалку реми, а зошто да не дојдеме и до победа, смета Димитриевски.

Селекторот на Велс, Крег Белами ја сподели својата солидарност за трагедијата што ја погоди Македонија пред натпреварот во Скопје.

-Пред се, би сакал да изразам сочувство на семејствата на жртвите на трагедијата во Македонија. Знаеме низ што поминува земјата и целиот народ, ние во Велс се имаме соочено со многу трагедии, па сакам во името на целиот Велс да кажам дека жалиме со вас заради трагедијата. Тешко е да се зборува за фудбал во ова време, изјави Белами.

Белами исто така истакна дека во последните денови направиле анализа на Македонија како екипа, нагласувајќи ги нивните добри контра напади. Тимот ќе мора да ги задржи и добрите поединци на составот. Истакна дека Македонија ќе биде многу мотивирана.

Македонската фудбалска јавност со голема поддршка и чувство за солидарност и хуманост ќе ја бодри нашата репрезентација на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Според последните информации околу 20.000 билети се продадени за вечерашниот натпревар, а средствата од продажбата на билетите ќе бидат донирани за повредените и семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Смртоносни шумски пожари ја пустошат југоисточна Јужна Кореја

Следно

Мицкоски: Има и државни објекти што не ги исполнуваат условите, сопствениците на локалите ќе добијат време колку што им треба за да ги исправат недоследностите

Latest from Blog

Министерот Ристовски: „41 спортски проект во 22 општини – современа инфраструктура за сите“

Министерството за спорт ја заокружува годината со значајни резултати во делот на спортската инфраструктура Реализацијата на капиталните проекти и вложувања во изградба, обнова и реконструкција на спортските објекти се еден од главните

„Секој граѓанин е важен“ – Тоневски на стартот на мандатот во Пробиштип

Со голема чест и одговорност, Тони Тоневски ја презеде функцијата градоначалник на Општина Пробиштип, нагласувајќи дека оваа позиција не е привилегија, туку обврска која се носи со посветеност и почит кон сите

ИМА БЛОКАДИ НО, ИМА И ИНВЕСТИЦИИ ПРОТИВ БЛОКАДИТЕ: Кинези во Србија ќе градат фабрика на 100 хектари

Кинескиот текстилен гигант„Гуан Нан“ најави изградба на фабрика во Србија. Инвестицијата ја потврди и потпретседателката на српската влада и министер за економија Адријана Месаровиќ за време на посетата на Изложбениот центар за

Околку 700 полицајци беа ангажирани, шестмина лица се уапсени пред мечот Астон Вила и Макаби

Шест лица беа уапсени во близина на Вила Парк во Бирмингем за време на неколку про-израелски и про-палестински протести. Протестите се одржаа пред натпреварот од четвртото коло на Лигата на Европа помеѓу
Go toTop