Македонија слави 120 години Илинден

August 2, 2023
2 mins read

Почетокот на Илинденското востание го објавиле камбаните во Крушево на полноќ спроти Илинден 1903 година. Околу 800 востаници го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогласил Крушевската Република и станал нејзин претседател. Слободната Република траела десет дена

Споменикот на Мечкин Камен во Крушево
фото: архива

На 2 Август – Денот на Републиката – Илинден, што годинава се чествува под слоганот „120 години Илинден – Огниште на татковината“, претседателот Стево Пендаровски ќе се обрати во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, претседателот на Собранието Талат Џафери на Мечкин Камен во Крушево, додека премиерот Димитар Ковачевски на тврдината Кале во Скопје.

Свечената манифестација на скопското Кале почнува во 9:30 часот каде, по положувањето цвеќе пред споменикот на слободата „Сила, слава и победа“, ќе се обрати премиерот Димитар Ковачевски, по што ќе следи културно уметничка програма.

Од отворањето на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“
фото: Влада да РС Македонија

Од Владата информираат дека претседателот на Собранието, Талат Џафери, предводејќи државна делегација со државни почести и чествувања, ќе го одбележи големиот национален празник Илинден во Крушево. Во рамки на централниот дел од државната програма за чествување на 2 Август во Крушево ќе биде одржана празнична културно-уметничка програма.

Претседателот Стево Пендаровски во 10:15 часот ќе се обрати пред Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце. Пендаровски ќе положи цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ во манастирот Прохор Пчински, во 12 часот, а ќе биде пречекан од претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и ќе остварат билатерална средба по што се предвидени изјави за медиумите.  

Свечената програма за одбележување на Денот на Републиката и оваа година го опфаќа традиционалното чествување на Илинден во Смилево во организација на Општина Демир Хисар, каде се чествува со положување цвеќе и фолклорна манифестација.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во рамки на одбележувањето на Илинден ќе предводи висока партиска делегација во Крушево. Делегација на ВМРО-ДПМНЕ ќе положи свежо цвеќе на гробот на Никола Карев, претседател на Крушевската Република.

Инаку, во Крушево синоќа, традиционално, беше отворена манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ која ги претставува културата, традицијата и историјата на Крушево.

Од отворањето на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“
фото: Влада да РС Македонија

Почетокот на Илинденското востание го објавиле камбаните во Крушево на полноќ спроти Илинден 1903 година. Околу 800 востаници го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогласил Крушевската Република и станал нејзин претседател. Слободната Република траела десет дена.

Под команда на Бахтијар-паша, 18-илјадна османлиска војска тргнала во акција за враќање на власта во Крушево. Последните истрели на Мечкин Камен и загинувањето на војводата Питу Гули, го означиле и крајот на Крушевската Република. 

Четириесет и една година по Илинденското востание, во манастирот Св. Прохор Пчињски кај Куманово, 115 делегати го одржале Првото заседание на АСНОМ (Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија), на кое е потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија. Заседанието го отворил Панко Брашнаров, најстариот делегат и сведок на двата Илиндена. Избран бил Президиум на АСНОМ, под претседателство на Методија Андонов-Ченто. Заседанието усвоило неколку документи со државотворно значење, меѓу кои и Решението за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава и Декларацијата за основните права на човекот и граѓанинот на демократска Македонија.

Денеска е и голем православен празник кога се слави пророкот Свети Илија. Светиот Пророк Илија живеел 900  години пред Исус Христос, роден е во 816 година пред новата ера, зборувал со Господ Исус Христос, што е забележано и во Светото Писмо, сведочел за Св. Троица и за постоењето на вечниот живот.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Легендарниот Буфон става КРАЈ на својата богата кариера

Следно

Полска тврди дека белоруски хеликоптери го нарушиле нејзиниот воздушен простор

Latest from Blog

Мирно е утрово пред Собранието на Србија по синоќешните инциденти, полицијата ноќеска привела 37 луѓе

Мирно и без инциденти беше во текот на ноќта и утрово во центарот на Белград пред српскиот Парламент каде што од синоќа реагираа стотици полицајци во опрема за разбивање демонстрации со обиди

Единствениот преживеан во авионската несреќа на Ер Индија во која загинаа 241 лице: „Не сакам да разговарам со никого“

Единствениот преживеан од падот на авионот на „Ер Индија“ во кој загинаа 241 лице изјави дека се чувствува „најсреќниот човек на светот“, но исто така е во силна физичка и ментална болка.

Денес е преподобен Иларион Велики

Како што розите растат на трнливо стебло така и овој прекрасен светител се роди од родители незнабожци, во селото Тавата близу Газа Палестинска. Родителите го дадоа на науки во Александрија, каде што

ВРЕДИ: Со еден глас, Албанците го запечатија крајот на ерата на Ахмети

Изборите што ги нарекоа „референдум“ завршија како политички суд против оние што го држеа албанскиот народ како заложник 23 години со лаги и измами. Граѓаните јасно проговорија дека времето на манипулаторите е

Фото: Емилија Кларк во проѕирен фустан на првиот црвен тепих по повеќе од една година

По повеќе од година и пол отсуство од јавноста, Емилија Кларк се врати на црвениот тепих со стил. Ѕвездата од „Игра на тронови“ изгледаше зачудувачки во проѕирен фустан на „Глобал Гифт Гала
Go toTop