Македонија прва во регионот со болни од рак на грло на матка

January 28, 2025
1 min read

На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје во текот на 2024 година имало 73 новорегистрирани лица со рак на грло на матка, информираше денеска директорот Игор Стојковски на прес-конференција, по повод недела за превенција од канцер на грлото на матката.

Според Александра Грозданова, национален координатор за имунизација, опфатот со ХПВ вакцинација во последните шест месеци од 2024 година стигнал до 58.8 проценти.

„Последните податоци што беа споделени и во Софија, освен Словенија, во регионот, сите дртуги земји во околината, Македонија е лидер во овој сегмент. Двата фактора многу влијаат – многу подолго вакцинираме од сите други и навистина многу работевме во овој сегмент“, додаде Грозданова.

Таа потсети дека од лани, во нашата држава е достапна и деветвалентната ХПВ вакцина. Покрај девојчињата, може да се вакцинираат и момчињата.

„Родово неутралната вакцинација ја поттикнува правичноста и им дава можност на мажите да имаат директна заштита и да се намали ризикот од трансимија“, беше истакнато на настанот.

Професор доктор Горан Димитров смета дека превенцијата лежи во редовно одење на прегледи, земање ХПВ тест и вакцинација.

„Инциденцата на ракот на грлото на матката е некаде меѓу 11,12,13 жени на 100.000 што значи ние не сме толку лоши. Ние сме некаде во средината кога зборуваме за Европа. Полошо од нас стојат Бугарија, Романија, Русија. Во регионот, најдобро стои Словенија“, одговори тој на новинарско прашање.

Димитров потсети дека сѐ уште не е воведен „синиот термин“ што го предложиле како професионални здруженија.

„Тоа е една многу добра работа, тоа значи сите дијагнози што се малигни, не зборуваме само за ракот на грлото на матката, да имаат слободни термини – сини, каде докторите ќе може да закажат каква било потребна интервенција. Дали е тоа за предоперативна подготовка, дали е тоа за следењето на болеста. Кога ќе се кликне на „Мој термин“, да се види дека има сино и тој термин може пациентот да го добие најбрзо што може. Тоа не мора да биде веднаш наредниот ден, меѓутоа барем во наредните 14 дена“, потсети Димитров во изјава за медиумите.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Премиерот Мицкоски ќе присуствува во касарната „Гоце Делчев“ каде ќе се симулира сајбер хибриден напад

Следно

„Ди-Џеј Ахмет“ на Георги Унковски собра исклучително позитивни критики по премиерата на Санденс Филм фестивал  

Latest from Blog

Утре се празнува Преподобна Ангелина-заштитничка на семејството, мајките и жените

Преподобна Ангелина била сопруга на светиот деспот Стефан Бранковиќ и мајка на светите Јован и Максим. Таа е позната како пример на христијанска трпеливост, смирение и длабока вера. По смртта на сопругот,

Ахмети живее во фолклорот од пред 20 години, вели Муцунски за барањето за избор на Влада со „Бадентер“

Али Ахмети уште живее во фолклорот од времето кога првпат има земено учество во владата од 2002 година. Поминати се многу години, повеќе од 20 од времињата во коишто е заглавена неговата

Авион на „Рајанер“ удрил во цистерна на аеродромот во Единбург, патниците евакуирани

Авион на ирската авиокомпанија „Рајанер“, на лет за Португалија, денеска удрил во цистерна за гориво на аеродромот во шкотската престолнина Единбург, поради што патниците биле евакуирани, соопшти портпарол на аеродромот, додавајќи дека

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски смета дека темата за прием на одбиени баратели на азил во земјава, шпекулативно ја отвориле медиуми од Обединетото Кралство, и тоа не само
Go toTop