Македонија против Белгија: Вечерва се игра судбинскиот меч

October 10, 2025
1 min read

Македонската фудбалска репрезентација вечерва се соочува со Белгија во критичен натпревар кој може да значи пласман на Светското првенство. Дуелот се игра во Гент со почеток во 20:45 часот и ќе се пренесува на МРТ.

Целата земја е зад своите играчи, со надеж и верба дека оваа генерација може да создаде историја. „Белгија е екстра квалитетна селекција и игра на домашен терен, но ретко која македонска генерација имала шанса да игра меч со вакво значење. Играчите мора да влезат на теренот со позитивна мисла и максимална верба дека можеме да оствариме голем резултат“, изјавија од Фудбалската федерација.

Македонските фудбалери се подготвени да дадат сè од себе, да се борат до последната капка пот и да покажат дека Македонија има квалитет за големи натпреварувања.

 

„Среќно на нашата репрезентација – нека натпреварот биде победнички и историски!“, порачаа навивачите, мотивирајќи ја селекцијата пред вечерашниот дуел.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Потврдено од лекар: Како да слабеете без да држите диета?

Следно

Зеленски: Русија ја таргетираше инфраструктурата, повеќе од 20 повредени, едно дете убиено во Запорожје

Latest from Blog

Голем пресврт: Трамп се откажа од царините за Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да воведува царини поврзани со Гренланд, по, како што кажа, „многу продуктивниот состанок“ со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Во објава на неговата платформа
Go toTop