Македонија изгуби врвни лекари кои спасувале илјадници човечки животи

October 4, 2024
1 min read

Д-р Александар Ристески (75) специјалист-радиолог, д-р Никола Василески (42) специјалист-гинеколог акушер и Фанче Јованоска (51) радиолошки технолог, сите од Прилеп, вчера загинаа во тешка сообраќајна несреќа.

Животите ги загубија на патот Прилеп-Битола патувајќи на работа во болницата „Плодност“.

Денес таму се одржа комеморација, на која присуствуваа нивните колеги, членови на семејствата и познаници.

На комеморацијата се обрати и градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, кој исто така е доктор по професија.

Тој вчера, по несреќата, напиша:

-Прилеп и Македонија изгуби врвни лекари специјалисти, еминетни и почитувани луѓе, посветени и одговорни граѓани, кои спасувале илјадници човечки животи и помагале на многу луѓе со својата специјалност, но ги загубија животите, патувајќи токму, на своите работни места во Битола за да им помогнат на други луѓе. Прилеп вечно ќе се сеќава на Прим. д-р Александар Ристески, спец. радиолог, д-р Никола Василески гинеколог и Фанче Јованоска радиолошкиот технолог, кои ќе бидат вечна наша тага и непребол. Во оваа прилика сакам да изразам сочуство до семејствата за нивната огромна загуба и болка, напиша градоначалникот.

Во Прилеп e прогласен Ден на жалост, а знамињата пред општинската зграда и македонското знаме на влезовите од градот и на јарболот во центарот на градот се поставени на половина копје.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Република Туркије изрази подготвеност да помогне на секој начин по поплавите во БиХ

Следно

Употребата на паметни телефони треба да се контролира како цигарите

Latest from Blog

Божиновска на Денот на македонските инженери: Државата мора да инвестира во знаење и кадар

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери,

ММФ: Војната во Иран ја поттикнува инфлацијата и ги загрозува синџирите на снабдување

Во блог објава, ММФ го опиша конфликтот како „шок“ кој е „глобален, но асиметричен“ и кој дејствува главно преку три канали: цените на енергијата, трговијата и финансиските услови. Нарушувањето на снабдувањето со
Go toTop