Македонија гради зелена и стабилна енергетска инфраструктура – Божиновска на Berlin Global Dialogue

October 24, 2025
2 mins read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествува на Berlin Global Dialogue 2025, еден од највлијателните глобални форуми што ги обединува државниците, визионерите и економските лидери кои ја обликуваат иднината.

Оваа година, форумот се одржува под мотото „Shifting Power, Shaping Prosperity“, со фокус на тоа како новата мултиполарна реалност може да создаде стабилен и одржлив глобален развој.

Министерката Божиновска беше говорник на панелот „Shifts of Power: Strengthening Energy Resilience“, на кој истакна дека концептот на енергетска безбедност во новиот геополитички контекст се менува суштински — од класичен пристап кон енергенсите, кон отпорни и зелени системи со долгорочна стабилност.

„Енергетската безбедност повеќе не значи само количина и извор на енергија. Денес тоа е прашање на отпорност, диверзификација и транзиција кон почисти, поодржливи извори,“ рече Божиновска.
„Геополитичките промени нѐ научија дека зависноста од еден снабдувач претставува сериозен ризик. Затоа нашата стратегија е јасна – поврзување со повеќе пазари, изградба на интерконектори и зајакнување на стабилноста, дури и во услови на глобална неизвесност.“

Во своето излагање, министерката се осврна на конкретните чекори што Македонија ги презема во насока на енергетска независност и одржливост:

„Го диверзифицираме снабдувањето со гас преку интерконекторот со Грција и подготвуваме инфраструктура за идниот транспорт на водород. Истовремено, ја зголемуваме домашната генерација од сонце и ветер, ја модернизираме преносната мрежа и инвестираме во складирање и дигитализација. Нашата визија е едноставна, но амбициозна – енергетски систем што е доволно флексибилен за да ги апсорбира глобалните шокови, доволно зелен за да обезбеди одржливост и доволно стабилен за да гарантира достапна енергија за сите.“

Осврнувајќи се на прашањето за рамнотежата меѓу безбедност, достапност и одржливост, Божиновска потенцираше дека трите цели не се исклучуваат меѓусебно, туку се меѓузависни.

„Не станува збор за избор меѓу безбедност, достапност или одржливост – туку за тоа како ги поврзуваме овие цели. Тоа бара стратегија, долгорочни инвестиции и пред сè – соработка. Ниту една земја не може сама да ги реши глобалните енергетски предизвици, но заедно можеме да изградиме посилни и поотпорни системи.“

Министерката укажа и на значењето на новите технологии и вештачката интелигенција во енергетиката, кои, според неа, се потенцијал за подобра ефикасност, а не закана:

„Вештачката интелигенција може да ја зајакне отпорноста на системот – преку попрецизно предвидување на побарувачката, оптимизација на производството и подобра интеграција на обновливите извори. Ако се користи мудро, таа ќе ни овозможи да сме поефикасни и поподготвени за иднината.“

Berlin Global Dialogue е глобална платформа основана со цел да поттикнува дијалог меѓу носителите на економски и политички одлуки, академската заедница и бизнис-секторот. Форумот е познат по своите учесници од највисоко ниво – меѓу кои и францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и извршниот директор на BlackRock, Лери Финк.

„Да ја претставуваме Македонија таму каде што се зборува за иднината на енергијата и глобалниот развој е чест и одговорност. Овие разговори не се само за иднината на енергијата – тие се за иднината на економијата, на стабилноста и на светот што го оставаме на следните генерации,“ додаде министерката Божиновска.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Комерцијална банка, Алкалоид и Гранит со најголем дневен промет

Следно

Аморим: Победата над Ливерпул да се потврди со домашен триумф против Брајтон

Latest from Blog

ВИДЕО: Милијардер ги предизвика рамноземјашите: Докажете, еве ви три милијарди долари

Милијардерот и извршен директор на компанијата „Columbia Sportswear“ штотуку им даде можност која никогаш во животот не се добива, на сите што веруваат дека Земјата е рамна. Тим Бојл (76) најави нов

Клековски: Нема доцнење во исплатата на надоместокот за породилно отсуство и на капитациите за матични доктори

Исплатата на надоместокот за породилно отсуство и на капитациите за матични доктори се одвива во континуитет, изјави денеска генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Посочи дека исплатата на надоместокот

Кочоска: Новиот буџет е основа за посилен раст и поголема доверба во институциите

Расправата по Дополнетиот предлог-буџет за 2026 година денеска започна во Собранието, при што министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска нагласи дека документот претставува „јасна економска порака за стабилност, доверба и развој“. Таа истакна

Брижит Макрон ги нарекува феминистките кои протестираат против силување „валкани ку*ви“

72-годишната сопруга на претседателот Емануел Макрон беше снимена како ги изговара навредливите зборови за време на посета на театар во неделата. Четири активистки од феминистичкиот колектив #AllofUs (#NousToutes) во саботата навечер го

ЕУ отвори антимонополска истрага против „Гугл“ поради користење содржини за својата вештачка интелигенција

 Истрагата се однесува на користењето онлајн содржини за генерирање резултати од пребарување преку вештачка интелигенција (ВИ), како и за употреба на видеата поставени на платформата „Јутјуб“ за тренирање на ВИ модели, јави
Go toTop