Македонија е во топ 5 држави во светот по освоени медали пер капита на информатичката олимпијада

August 4, 2025
1 min read

Во оваа статија започнуваме со листање на неколку наслови: Две сребра за македонски средношколци на 37. Интернационална олимпијада по информатика; Сара Стефановска го освои бронзениот медал на Европска олимпијада по информатика за девојки; Дамјан Давков освои сребрен медал на 31. Балканската олимпијада по информатика во Охрид

Ова се само неколку од насловите што последниве години зборуваат за успесите на нашите младинци, ученици во средните училишта низ Македонија, кои од сите поголеми меѓународни натпревари по информатика се враќаат со по неколку медали за освоени први места.

На листата на Интернационалната олимпијада по информатика (ИОИ), на која прецизно се бележи статистиката за учеството на секоја земја членка на ИОИ, Македонија е на 56-то место по бројот на вкупно освоени медали од 1996 година навака, откако нашате земја редовно учествува на ИОИ.

Но, она што е податок којшто заслужува внимание е дека Северна Македонија е Македонија е во топ држави по број на медали ако гледаме per capita.

Односно на еден милион жители, со освоените 16,4 медали на ИОИ, нашата земја е на петтото место во светот после Литванија и Хрватска, со 30, односно 28 медали, и Бугарија (20,5) и Словачка со 20 медали.

Северна Македонија е пред Романија, Полска, Јужна Кореја по број на медали пер капита, дури и пред Кина и Виетнам кои имаат најголем број медали, но многу помалку според бројот на жители.

Сето ова говори дека нашата земја треба многу повеќе да им посвети на младите кои се определуваат за информатика и да најде начин да ги задржи во земјата.

ИЗВОР: racin.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Реакција на Вал Зека до Али Ахмети: Доста веќе со лаги – каде беше кога Албанците се убиваа во Куманово?

Следно

Најмалку 30% од убиените во израелските напади врз Газа се деца

Latest from Blog

Пресврт во случајот „Пулс“: Лиценцата од 2012 е издадена за друг објект, покажуваат доказите

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, Јавното обвинителство продолжи со изведување на докази кои се однесуваат на постапките во Министерството за економија и Државниот пазарен инспекторат. Пред судот беа презентирани записници, барања,

Битола добива нов паркинг: Почнуваат работите на „Овчи пазар“

Од понеделник, 29 јуни 2026 година, ќе започнат подготвителните активности за изградба на паркинг просторот „Овчи пазар“, информира изведувачот на градежните работи. Проектот опфаќа изведба на коловоз, атмосферска канализација, улично осветлување и

СЛУЧАЈНОСТ ИЛИ НЕШТО ПООПАСНО? Силни потреси во три различни делови од светот

Три силни земјотреси во ист ден ги погодија Јапонија, Венецуела и американската сојузна држава Калифорнија, предизвикувајќи загриженост и прашања дали овие настани се меѓусебно поврзани, пишува CNN. Во Јапонија беше регистриран земјотрес
Go toTop