Македонија е домаќин вежба на 12.000 НАТО војници

May 26, 2025
1 min read

Македонија е домаќин вежба на 12.000 НАТО војници. Од денеска во државава започнува воената вежба „Брз одговор 2025“, како дел од големата мултинационална вежба DEFENDER 2025, со 12.000 војници од различни земји на Европа и САД.

Во вежбата што ќе се одржува во земјава ќе учествуваат повеќе од 2.000 војници од државава, САД, Црна Гора, Косово, Австрија, Грција, Албанија, Италија и Обединетото Кралство. Северна Македонија ќе учествува со 950 припадници на Армијата, САД со 710, Црна Гора со 185 учесници, Косово со 150, Австрија со 70, Грција 50, Албанија 30, Италија 30 и обединетото Кралство со двајца учесници. 

Сите единици ќе користат своја формациска опрема, а како позначајни ќе бидат тенковите Леопард, борбените хеликоптери „AH-64 APACHE“, транспортни медицински хеликопртери Blek hawk, инженериско возило „Хаски“, минофрлачи 120 милиметри, транспортен хеликоптер Ми 8/17 и оклопни возила JLTV i HMMWV. На вежбата ќе се користи стандардна маневарска и боева пешадиска и артилериска муниција.

Вежбата ја тестира способноста на НАТО да одговори на развојните безбедносни закани, вклучувајќи и сајбер напади, служејќи како важна платформа за усовршување на мултинационалната соработка и потврдување на подготвеноста на силите-учеснички да го споделат товарот во сложени и спорни средини.

Началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски минатата недела на брифинг со медиумите информираше дека оваа вежба е една од најголемите досега во државава во која ќе учествуваат околу 2200 војници од седум НАТО земји и две партнерски држави.

– Вежбата меѓу другото има цел да ја подобри интероперабилноста меѓу сојузничките и партнерските силик како и заедничко дејствување во сложени услови и брза реакција на силите во источниот дел на Европа, истакна Лафчиски.

„Брз одговор 2025“ се поклопува со 32-годишнината од Програмата на партнерски сојузни држави меѓу Националната гарда на Вермонт и Северна Македонија, под покровителство на Бирото на Националната Гарда на САД.

Во пресрет на воената вежба, во Битола и Штип заеднички концерт одржаа Воениот оркестар на Армијата и оркестарот на Националната гарда од Вермонт, САД.  Отворениот ден за граѓаните со приказ на операмата од вежбата е закажан за 1 јуни во Кавадарци, а денеска концерт ќе одржат во Скопје. 

Денот за високи гости ќе се одржи на 2 јуни кога ќе се реализира вежбата „Засилен пешадиски баталјон во напад“.

Според американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер, „Брз одговор 2025“ е јасен доказ за блиското и растечко партнерство меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Македонија.

– Преку заеднички обуки, ангажирање во заедницата и соработка со нашите НАТО сојузници, ја зајакнуваме нашата колективна посветеност на мирот и безбедноста. Овие вежби ја подобруваат воената подготвеност и ги зближуваат нашите заедници, вели Агелер.

Од Американската амбасада во петокот во соопштение посочија дека САД и Северна Македонија продолжуваат да го зајакнуваат своето партнерство во одбраната, образованието, претприемништвото и граѓанското општество, поддржувајќи го институционалниот развој и безбедносните способности на Северна Македонија.

– Двете земји остануваат насочени кон проширување на соработката во енергетиката, одбраната, трговијата и културната размена, обезбедувајќи долгорочен просперитет и безбедност. Брз одговор 2025 е пример за обезбедување мир преку зајакнување на подготвеноста на НАТО и колективната одбрана, нагласија од Американската амбасада. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Партијата на Мадуро со убедлива победа на парламентарните избори во Венецуела

Следно

Среќен и добитен април во ВЛТ: Видеолотарија Касинос Австрија на играчите им исплати еден милион евра

Latest from Blog

Руте: Подготвени сме да ја браниме секоја педа од територијата на НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека бројни руски беспилотни летала го нарушиле полскиот воздушен простор синоќа, по што била активирана воздушната одбрана и биле ангажирани сојузниците на Алијансата. „Нашата одбрана

Кои хороскопски знаци не треба да влегуваат во долгови до крајот на годината?

Финансискиот хороскоп за периодот до крајот на 2025 година покажува дека ќе бидеме сведоци на неколку клучни астролошки аспекти кои ќе влијаат на паричните приливи и одливи кај сите хороскопски знаци. Во

Ѓорѓиевски: Средба со спортските легенди за иднината на скопскиот спорт

Скопје, 2025 – Кандидатот за градоначалник на Град Скопје и актуелен градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска имаше средба со спортски легенди од минатото и сегашноста, на која беше разговарано

Мицкоски: Очекувам убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори

Во интервју за Дојче веле говореше премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Премиерот се осврна на претстојните локални избори и истакна дека очекува убедлива победа, како и дека победата ќе значи

Меџити: Над 6 милиони денари за стабилно водоснабдување во Чаир

Скопје, 2025 – Првиот-вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити, кој е и кандидат за градоначалник на Општина Чаир, денеска ги посети градежните активности на улицата „Бајрам Шабани“ во Гази Баба,
Go toTop