Македонија дел од регионалната иницијатива за интеграција на пазарите на капитал – Димитриеска-Кочоска потпиша Меморандум во Загреб

August 25, 2025
1 min read

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска во Загреб заедно со колегите министри од Бугарија, Хрватска, Унгарија, Полска, Романија, Словачка и Словенија го потпиша Меморандумот за соработка за развој и интеграција на пазарите на капитал во Централна и Југоисточна Европа.

„Ова е важен чекор за јакнење на нашите финансиски пазари, отворање нови извори на капитал и поголема поддршка за домашните компании,“ изјави Димитриеска-Кочоска.

Таа нагласи дека за Македонија овој потег претставува значаен чекор кон зацврстување на позицијата како активен учесник во регионалната и европската финансиска архитектура, со што ќе се овозможи полесен пристап до капитал за домашните компании и ќе се поддржи економскиот раст и стабилноста.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска: Законот за возила носи фер и транспарентен систем за граѓаните и компаниите

Следно

Комерцијална банка ја предводи берзанската сесија денес со најголем промет

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот
Go toTop