Макаби му прави вистински хаос на Динамо Загреб

October 1, 2025
1 min read

Во рамките од новото коло од Лигата на Европа екипата на Макаби Тел Авив ќе го пречека Динамо Загреб на свој терен. Ако може тоа воопшто така да се нарече играњето на израелскиот претставник во Бачка Топола, Србија како домаќин.

Безбедносната ситуација во Израел е добро позната, УЕФА беше на раб да ги суспендира фудбалските активности на оваа земја, но лобирањето пресуди во корист на државата која е сериозно моќна очигледно на сите полиња.

Беше одлучено да игра на стадионот на ТСК Бачка Топола, а на Динамо Загреб тоа реално малку му одговара. Навивачите на овој клуб, Бед Блу Бојс нема да присуствуваат на овој меч од разбирливи причини, а експедицијата на Динамо претходната ноќ ќе ја мине во Белград. Дури на денот на мечот ќе замине на 160 километри оддалечената финална дестинација.

Секако, ова за хрватскиот тим ни малку не е едноставно но според информациите од Загреб во таборот на Динамо се помирени со ситуацијата и едноставно ја имаат прифатено.

 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Украински нуркач уапсен во Полска под сомнение за вмешаност во саботажата на „Северен тек“

Следно

Жена покажала што има во дневната соба- снимката е хит, коментарите поделени (ВИДЕО)

Latest from Blog

Пренџов: Кога жената е силна, семејството е стабилно, кога семејството е стабилно, државата е посилна

Кога жената е силна, семејството е стабилно.Кога семејството е стабилно, државата е посилна, напиша на Фејусбук пратеникот, Љупчо Пренџов. Нашата обврска како носители на јавни функции е да создадеме општество во кое

Филипче поддржува протест за зголемување на минималната плата: Владата со изговори да не им се излезе во пресрет на граѓаните!

Во вечерашното издание на емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, претседателот на Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче, се осврна на економските политики и минималната плата, оценувајќи дека таа е клучен показател

Шпанија го отфрла тврдењето на Руте за „МАСОВНА ПОДДРШКА“ ЗА ВОЈНАТА СО ИРАН ОД СОЈУЗНИЦИТЕ НА НАТО

Шпанската министерка за одбрана, Маргарита Роблес, остро го отфрли тврдењето на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, дека меѓу членовите на алијансата постои „широка поддршка“ за војната на американскиот претседател Доналд Трамп
Go toTop