Мајнл Рајзингер – Муцунски: Австрија стои до Македонија во вонредни ситуации и на патот кон ЕУ

March 20, 2025
1 min read

Министерката за надворешни работи на Австрија Беате Мајнл-Рајзингер денеска го прими својот колега од Македонија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во Виена, соопшти австриското МНР.

Дискусијата, како што се посочува, била фокусирана на поддршката по катастрофалниот пожар во дискотека во Кочани, во Северна Македонија, како и на блиските билатерални односи и натамошните чекори во процесот на проширување на ЕУ.

По трагичниот пожар во Кочани, се посочува, министерот за надворешни работи Муцунски побара од Австрија помош за згрижување на повредени со изгореници, при што Австриската федерална влада евакуираше шест тешко повредени во Виена и Грац на интензивна медицинска нега.

-Поддршката на Австрија за земјите и луѓето од Западен Балкан за мене се подразбира. Ова особено важи, секако, за итна медицинска помош во таков трагичен случај како што е пожарот во Кочани. Стоиме покрај вас – во тешки итни случаи, како и во заедничката изградба на сигурна и стабилна европска иднина, изјавила министерката за надворешни работи Мајнл-Рајзингер во понеделникот по првиот лет за евакуација.

Во однос на процесот на проширување на ЕУ, министерката за надворешни работи Мајнл-Рајзингер ја повторила силната поддршка на Австрија за брза интеграција на сите земји од Западен Балкан во ЕУ. Таа го поздравила значителниот напредок на Македонија на нејзиниот пат кон членство во ЕУ, но ја истакнала, се додава, важноста од брзо спроведување на неопходните уставни измени.

-Австрија е еден од најголемите поддржувачи на процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ. За да се унапреди процесот, од суштинско значење е понатамошен напредок во реформите. Иднината на Северна Македонија е во ЕУ, истакнала министерката Мајнл-Рајзингер и ја потврдила геополитичката неопходност од проширувањето на ЕУ за безбедноста на европското и австриското население.

Австрија и Северна Македонија се тесно поврзани преку културните и економските односи. Со над 50 компании, Австрија е најголемиот странски инвеститор во Северна Македонија. Дополнително, односите ги зајакнува одлично интегрираната дијаспора од Северна Македонија. Двете страни, исто така, ја истакнаа важноста на миграцијата и заштитата на границите како важна област на соработка, се наведува во соопштението од Австриското МНР.

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски во Виена замина по посетата утрово во Загреб каде што се наоѓаат пет повредени во страотниот пожар во Кочани, во кој животот го загубија 59 лица, а 176 се повредени. Тој се заблагодари на Хрватска што примила на лекување петмина повредени, истакнувајќи дека Скопје меѓу првите повици со изрази за солидарност и понудена помош ги примил од Загреб.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се чека одлука од обвинителството за притворите

Следно

Кај 95 проценти од зградите каде сме биле има некоја неправилност која може скапо да ги чини станарите, вели Плотников

Latest from Blog

Божиновска: Воведуваме криза за да спречиме поголеми последици во снабдувањето со струја

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска изјави дека воведената кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија е резултат на ненадејните околности и има превентивен карактер, нагласувајќи дека АД ЕСМ

Прогласен е банкрот: Уште еден познат клуб од Италија веќе не постои!

ФОТО: Rimini Football Club/FB Познат италијански клуб веќе не постои, официјално е прогласен банкрот. Станува збор за Римини, клуб за кого некогаш настапуваше и Словенецот Самир Хандановиќ. Сега за Божиќ сите добиваат

Илија Најдоски: Репрезентацијата е над секој поединец

Поранешниот репрезентативец Илија Најдоски упати сериозна критика кон поранешниот селектор Игор Ангеловски, реагирајќи на неговите јавни изјави и однесување во врска со актуелните случувања околу македонската фудбалска репрезентација. „Начинот на кој Ангеловски

Коњановски: Битола ја јакне поддршката за „Специјална олимпијада“

Општина Битола и Спортскиот клуб „Специјална олимпијада – Битола“ потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува стратешка, долгорочна и одржлива соработка насочена кон развој на спортските активности и инклузијата на лица

Гаши: Апелирам да се најде политичка волја за договор за избор на Народен правобранител

Претседателот на Собранието Африм Гаши апелираше до пратеничките групи да се изнајде политичка волја и во Собранието да се избере народен правобранител. На денешната средба со новинарите тој кажа дека лично ќе
Go toTop