Мајкл Мартин избран за нов премиер на Ирска

January 23, 2025
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Ирскиот Парламент денес го избра министерот за надворешни работи на земјата, Мајкл Мартин, за нов премиер, известува Анадолу.

Мартин, лидерот на Фијана Фол, по вторпат е избран за тишох, односно премиер, заменувајќи го Сајмон Харис, лидерот на Фајн Гејл.

Даил, ирскиот Парламент, го одобри предлогот Мартин да биде именуван за премиер од страна на претседателот Мајкл Хигинс.

За лидерот на Фијана Фол гласаа 95 пратеници, а 76 беа против.

Во меѓувреме, Харис ќе се врати на позицијата „танаист“, или вицепремиер.

Фијана Фол на Мајкл Мартин излезе како најголема партија по општите избори во Ирска што се одржаа во ноември 2024 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски до ракометарите: Со вашата борбеност и срце оставено на терен, ја израдувавте целата нација

Следно

Лазаров по триумфот над Катар: Верувам во оваа репрезентација

Latest from Blog

ФФМ го трансформира македонскиот фудбал со сопствен ЛЕД екран од 210 метри

Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) направи значаен исчекор кон модернизација на стадионите и подобрување на спортската инфраструктура. Наместо изнајмување, федерацијата инвестираше во сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, што создава целосно ново

Во Иран се уапсени истакнати реформистички политичари

Уапсена е Азар Мансури, лидерка на реформистичката партија, заедно со неколку други политичари, наведуваат медиумите. Иранска новинска агенција го потврди апсењето на четворица политичари, но не ги именуваше. Според агенцијата, политичарите се

Од визија до акција – Божиновска за улогата на жените во енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се обрати на настан во рамки на проектот ELeVATE, посветен на охрабрување и поддршка на девојки и жени за кариера во Net-Zero технологии,

Божиновска алармира: Со вакво темпо, за родова еднаквост ќе ни требаат 57 години – жените во енергетиката ни се потребни денес

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, се обрати на настан организиран во рамки на проектот ELeVATE (2025–2028), посветен на охрабрување и поддршка на девојки и жени за развој на

Млекара доминира со блок-трансакција, берзата стабилна со минимален пад на МБИ10 од 0.03%

Изготвено од Илирида Инвестментс АД Скопје, врз основа на официјални податоци од Македонска берза На берзанската сесија од 9 февруари 2026 година, индексот МБИ10 забележа минимален пад од 0,03% и ја заврши
Go toTop