Мајките на загинатите во Кочани: Сите вие кои сте одговорни за системот во државата, мудро ја избегнувате одговорноста за најголемата трагедија

April 26, 2025
1 min read

Денеска во Кочани се одржа нов протестен марш, организиран од семејствата на загинатите во трагичниот пожар што се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“. Маршот, под наслов „Задоцнета реакција“, се одржа како израз на револт против институционалното работење и неадекватната реакција на властите.

Со слики од своите најмили во рака, семејствата започнаа од Паркот на револуцијата, движејќи се преку трговскиот центар и продолжувајќи кон Општина Кочани. Тие ги изразија своите гнев и разочарување од недостатокот на навремени и ефективни дејства од страна на институциите.

Протестот продолжи кон Министерството за внатрешни работи (МВР), каде демонстрантите им посочија дека властите задоцниле со реакција на трагедијата.

– Сите вие кои сте одговорни за системот во државата, кои мудро ја избегнувате одговорноста за најголемата трагедија што се случи во Кочани, мора да знаете дека болката што ја чувствуваме ние, родителите на починатите деца, е нешто што е невозможно да се изрази со зборови. Се надеваме дека барем за миг ќе можете да ја почувствувате таа болка. Дали ќе прикривавте соучесници ако убиените деца беа ваши деца? – праша една од мајките.

Протестот заврши пред Основен суд, каде граѓаните побараа отчет за сработеното и поголема транспарентност во судскиот процес. За нив е клучно да се обезбеди неселективна правда за сите жртви и нивните семејства.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Украинскиот претседател Зеленски изјави дека со американскиот претседател Трамп разговарал за безусловно примирје

Следно

Истрагата за првата антикорупционерка – Андоновски: Не е нарушен кредибилитетот на останатите членови на ДКСК

Latest from Blog

Изет Меџити го реализира ветеното: „Цветан Димов“ тргнува кон изградба

Советниците на коалицијата ВЛЕН во Советот на Град Скопје ја изгласаа одлуката со која големиот инфраструктурен проект на улицата „Цветан Димов“ во Општина Чаир доби зелено светло за реализација. Со ова, проектот

Проданоски: Гласот на граѓаните е водилка за развојот на Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека секоја одлука и секој чекор на локалната самоуправа произлегуваат директно од потребите, идеите и очекувањата на граѓаните. Според него, вистинскиот развој на градот е

Косио: Куба е подготвена на „смислен“ дијалог со САД, но не и за промена на уставниот поредок

– Не сме подготвени да разговараме за нашиот уставен поредок, исто како што претпоставуваме дека САД не се подготвени да разговараат за својот уставен поредок, политички систем или економска реалност, наведе Косио.

Косио: Куба е подготвена на „смислен“ дијалог со САД, но не и за промена на уставниот поредок

– Не сме подготвени да разговараме за нашиот уставен поредок, исто како што претпоставуваме дека САД не се подготвени да разговараат за својот уставен поредок, политички систем или економска реалност, наведе Косио.
Go toTop