Магла на патните правци Гајре – Попова Шапка и Штип – Неготино кај Серта

December 24, 2025
1 min read

Намалена видливост поради магла до 30 метри има на патниот правец село Гајре – Попова Шапка и до 100 метри на патниот правец Штип – Неготино кај Серта, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Слаб снег што не се задржува на коловозот провејува на Попова Шапка. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Владата ја модернизира „Македонска пошта“ со нови 100 возила

Следно

Министерството за финансии: Редовни исплати на плати, субвенции и капитални расходи

Latest from Blog

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот

Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните

Мерката и бројките што ги промовира Владата не се ништо друго освен фрлање песок во очите на граѓаните, нагласи заменичката претседателка на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, во вечерашните вести на МРТ. Каранфилова

Покетино:„Ми недостига Англија и фудбалот во Премиерлигата!“

ФОТО:.facebook.com/officialussoccer Во последните денови,селекторот на САД, Маурицио Покетино, беше поврзуван со менаџерски позиции во Тотенхем и Манчестер Јунајтед. Тој призна дека му недостига фудбалот во Премиер лигата. Аргентинецот досега раководел со три
Go toTop