МАЕИ го честита изборот на Нико Пелеши за претседател на Собранието на Албанија

October 4, 2025
1 min read

Партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) му упати честитка на Нико Пелеши по повод неговиот избор на високата функција, претседател на Собранието на Република Албанија.

Во честитката потпишана од претседателот на партијата, Васил Стерјовски, се нагласува дека овој избор претставува голема доверба што претставниците на албанските граѓани му ја дале на Пелеши, како потврда за неговата посветеност во служба на демократијата и јакнењето на државните институции.

-Убедени сме дека под Ваше раководство, Собранието на Албанија ќе продолжи да биде отворена, претставничка институција и гарант на правата на сите граѓани, без разлика на етничка припадност или вера,“ се вели во честитката на МАЕИ.

Партијата на Македонците во Албанија нагласува дека македонската заедница, како рамноправен и историски дел од албанското општество, со надеж очекува за време на мандатот на Пелеши да се зајакне почитувањето на правата на националните малцинства и нивното вклучување во процесите на одлучување, во духот на европските стандарди и интеграцијата на земјата во Европската унија.

На крајот, Македонска алијанса за европска интеграција му посакува на Пелеши здравје, успех и сила во вршењето на неговата значајна функција, со уверување дека неговата работа ќе придонесе за зајакнување на демократијата и развојот на Албанија.

Нико Алекс Пелеши (55) кој е родум од Корча за пратеник беше реизбран во оваа изборна единица.

При една од посетите на населените места во Општина Пустец, која територијално припаѓа во Округот Корча, порача дека „без разлика на некои странски влијанија, во Преспа живеат Македонци“.

-Во Преспа живеат Македонци, со македонски јазик, идентитет, култура, традиции. Без разлика на некои странски влијанија за нас тука живеат Македонци. Тие се една прекрасна, вредна и почитувана заедница, што е додадена вредност во мозаикот на културните, историските, етнографските и јазичните вредности на нашите простори, рече Пелеши.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Аталанта само до бод со Комо!

Следно

Вини, Вини па Мбапе: Реал Мадрид победнички на “Бернабеу“!

Latest from Blog

Дали новиот лидер на Иран е геј- во Белата куќа не можеле да престанат да се смеат, Трамп со урнебесна реакција

Американскиот претседател Доналд Трамп беше запрепастен кога минатата недела дозна дека американските разузнавачки агенции посочиле дека новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, можеби е хомосексуалец – и дека неговиот татко, покојниот

Трипуновски: Политиките ги креираме заедно со земјоделците, кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, стартува од општина Босилово

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во гостувањето во Дневникот на Алсат Телевизија говореше за кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, нагласувајќи дека директната комуникација со земјоделците е
Go toTop