МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од страна на албанската амбасадорка во Софија

January 27, 2025
1 min read

Партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), како единствена политичка партија што ја претставува македонската заедница во Албанија, изразува длабока загриженост и остро реагира против етикетирањето на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“ од страна на амбасадорката на Албанија во Софија, Инид Мило.

Како што стои во реакцијата, упатена до министерот за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, во интервју за бугарската медиумска куќа „NOVA,bg.

Амбасадорката Мило за македонското малцинство користи терминологија која „не само што е неприфатлива, туку и навредлива за идентитетот и интегритетот на оваа автохтона заедница“.

-Во овој контекст, бараме јавно извинување од Министерството за Европа и надворешни работи и од амбасадорката Мило за употребата на овој термин со кој се навредува нашата заедница и да се преземат чекори за да не се повторат вакви случаи, кои сериозно ги поткопуваат односите меѓу македонската заедница и албанските институции, стои во реакцијата на МАЕИ.

Потенцираме, се додава, дека ова не е изолиран случај.

-Минатата година, при објавувањето на резултатите од пописот, и албанскиот Институт за статистика го користеше терминот „Северномакедонци“ за македонското малцинство, предизвикувајќи силни реакции во нашата заедница.

Македонската заедница, која секогаш придонесувала за мирот и хармонијата во Албанија, чувствува длабока неправда од овие навредливи квалификации, се наведува понатаму.

Во прилог испраќа и копија од интервјуто на амбасадорката Мило за бугарската медиумска куќа „NOVA. BG“ како референца.

– Ве повикуваме да преземете неопходни мерки за заштита на достоинството на националните малцинства и да осигурате дека институциите и албанските претставници ги третираат соодветно и со почит, се бара во реакцијата потпишана од Васил Стерјовски, претседател на партијата.

Реакцијата, освен до Хасани, доставена е и до Ерлинда Баланца, народен правобранител, Роберт Гајда, комесар за заштита од дискриминација, до делегација на Европската Унија во Тирана, мисијата на ОБСЕ, канцеларијата на Советот на Европа, амбасадата на САД и македонската амбасада во Тирана.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: На постојните 9 авио дестинации, работиме да воведеме уште најмалку две до три нови линии

Следно

Кривична за лице од тетовско, на граѓаните им наплаќал сметки и парите си ги ставал во џеб!

Latest from Blog

Хачико – Битола: Кучињата инволвирани во нападот врз дете не се бездомни туку се од месното население

Од прифатилиштето за кучиња „Хачико“ – Битола информираат дека денеска добиле пријава за инцидент во кој дете помало од две години било каснато од куче во населбата Баир. Настанот, според пријавата, се

Хачико Битола: Случајот со каснатото дете се однесува на кучиња од месното население

Од прифатилиштето за кучиња „Хачико“ – Битола информираат дека денеска добиле пријава за инцидент во кој дете помало од две години било каснато од куче во населбата Баир. Настанот, според пријавата, се

Македонска технологија во служба на европска престолнина – Возило на Green Machines чисти во Будимпешта

Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина. Иако по димензии е

Зеленски вели дека САД им дале рок на Украина и Русија за завршување на војната до јуни

Тој им рече на новинарите дека очекува притисок од администрацијата на Доналд Трамп доколку не се исполни рокот до јуни. „Американците предлагаат да се заврши војната до почетокот на ова лето и
Go toTop