Љутков: Со проектот „Европска престолнина на културата“ ќе му го вратиме идентитетот на Скопје

November 20, 2025
1 min read

Преку реализација на активностите од проектот европска престолнина на културата, ќе го трансформираме Скопје во еден урбан град и ќе му го вратиме идентитетот, изјави за МИА министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој денеска во Брисел заедно со шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски и скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски имаше средба со еврокомесарот за меѓугенерациска правичност, млади, култура и спорт Глен Микалeф, посветена на титулата „Скопје – Европска престолнина на културата за 2028 година“.

– Процесот околу „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ две години беше закочен во лавиринтите на Град Скопје и јас по стапувањето на функцијата министер за култура и туризам презедов голем дел од работите. Се формира главното тело од 13 луѓе, што направи значаен исчекор и главната задача беше да ја увериме Европската комисија дека всушност сега и со новиот градоначалник сме силно посветени на тој процес, рече Љутков.

Тој додаде дека за проектот се обезбедени средства и од Владата и од Градот Скопје и се е подготвено процесот да продолжи во наредните две години.

-Во наредниот период ќе мора многу брзо да работиме за да ги исполниме сите ветувања што сме ги дале. Силно верувам дека ќе ни се врати поддршката и ќе ги информираме (во ЕК) за сите процеси што ни се случуваат. Се надевам дека во 2028 година Скопје ќе си го врати идентитетот што го имал во минатото, додаде Љутков.

Инаку, претходно денеска тимови на Министерството за култура и туризам и на Град Скопје имаа средба на техничко ниво во Генералниот директорат за образование, млади, спорт и култура (ДГ EAЦ) при Европската комисија, на која од страна на претставниците на ЕУ била изразена силна поддршка за задржување на титулата „Европска престолнина на културата“ и било порачано дека на овој проект треба многу повеќе да се работи во следниот период.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нови детали за изгорената зграда на „Вјесник“ во Загреб: Не приоѓајте, зградата е опасна!

Следно

Украинските и европските претставници го отфрлија мировниот план на Трамп

Latest from Blog

Градоначалникот Коњановски ги следи интервенциите по поплавите во Битола

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски кој вечерва е на терен информира дека кај стариот „Прогрес“ на улиците „Крушевска“ со „Македонска фаланга“ водата е повлечена, а екипи на јавните претпријатија „Водовод“, „Комуналец“, „Нискоградба“

Го нема Аморим, ама Јунајтед повторно не победува! Њукасл го “скрши“ Лидс со гол во 90+12.минута

ФОТО: Manchester United/FB Супер интересни два меча вечерва во рамките на 21.коло во Премиерлигата. Јасно беше дека сите погледи беа свртени кон дуелот меѓу Барнли и Манчестер Јунајтед, ова беше прв меч

Децата ја наследуваат интелигенцијата од мајката

Детето ја наследува својата интелигенција од мајката, според новите научни истражувања. Хромозомот е наследен фактор во нашите клетки којшто ги пренесува гените на родителот во неговите / нејзините потомци, пренесува српскиот портал
Go toTop