Љутков се јави од Осака: Говорев за културната дипломатија, СДСМ го праша колку чини екскурзијата на луксузната делегација до Јапонија

May 2, 2025
2 mins read

Како што соопшти денеска Министерството за култура и туризам, со својот динамичен настап и автентична изведба на македонските народни ора и песни, „Танец“ оставил силен впечаток кај многубројната публика и уште еднаш ја потврдил улогата на културата како мост за поврзување меѓу народите.

На настапот на „Танец“ му претходел свечен прием на кој министерот за култура и туризам Зоран Љутков, пред многубројните гости и меѓународни претставници, ја нагласил важноста на учеството на Македонија на настан од ваков ранг.

„ЕКСПО е место каде што светот се среќава – преку иновации, култура и визија за иднината. Нашето присуство тука е увертира за сето она што ќе го претставиме во наредниот период. Македонија денеска настапува со срце отворено кон светот – горда на своето наследство и насочена кон иднината“, истакнал Љутков.

Особено внимание кај македонскиот павилјон, како што се наведува во соопштението, привлекла изложбата посветена на јапонскиот архитект Кензо Танге, визионерот што го проектираше Скопје по разорниот земјотрес во 1963 година.

„Со оглед на тоа што оваа, 2025 година одбележуваме 60 години од изработката на проектот на Кензо Танге за ново Скопје, изложбената поставка прикажува избор на авторски цртежи, проектна документација, историски фотографии, како и тродимензионален архитектонски модел, кој на апстрактен начин  ја доловува неговата замисла“, посочил Љутков.

Изложбата ја посетил и Пол Танге, син на големиот архитект, со што уште еднаш беше потврдена трајната врска меѓу Скопје и архитектонското наследство на неговиот татко.

„На приемот гостите имаа можност да дегустираат македонски специјалитети и вина, но и да се информираат за културните и туристичките потенцијали, како и за инвестициските можности што ги нуди нашата земја“, се наведува во соопштението.

Инаку, во рамките на културната програма, предвидено е на Денот на независноста на Македонија, 8 Септември, да се одржи серија значајни културни претставувања, вклучително и настапи на Ана и Игор Дурловски, Кирил Џајковски и Владимир Четкар, чии уметнички изрази го носат македонскиот дух на современа сцена.

Учеството на Северна Македонија на „ЕКСПО 2025“ е дел од пошироката стратегија за меѓународна промоција и афирмација на земјава како современа, културно богата дестинација, отворена за нови партнерства и инвестиции, информира Министерството за култура.

Од СДСМ, пак прашуваат, колку точно лица брои оваа луксузна делегација? Колку народни пари беа потрошени за патувањето во Осака, за авионски билети, сместување, дневници, протоколарни вечери, гардероба и подароци?

И што, всушност, ќе донесат назад во Македонија? Освен албум со селфиња, објави за „успешни средби“ и неколку звучни фрази за „интеркултурен дијалог“?

„Врв на иронијата, организирале и изложба посветена на архитектот Кензо Танге, визионерот што го проектираше Скопје по катастрофалниот земјотрес од 1963 година. Истото Скопје кое ВМРО-ДПМНЕ, со истата оваа структура, го изобличи со стиропор и лажен барок преку проектот „Скопје 2014“. Па кој има образ сега да го слави Кензо Танге, кога неговото дело беше грубо погазено со партиска стиропорна естетика и кич?“

Од опозициската партија и порачаа на власта дека граѓаните заслужуваат одоговор колу чини екскурзијата до Јапонија.

„Граѓаните заслужуваат одговор: Колку ги чинат екскурзиите на Љутков, колку чини оваа парада? И дали културата е само алиби за туристички луксуз?“

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израел блокираше француска делегација да влезе на Западниот Брег

Следно

Сончево и топло претпладне, дожд и грмежи попладне

Latest from Blog

Божиновска: Нема да има прекини во греењето, државата има доволно резерви на мазут

Граѓаните нема да почувствуваат никакви прекини во снабдувањето со топлинска енергија, иако ЕСМ побара прогласување кризна состојба. Министерката за енергетика, Сања Божиновска, денеска на брифинг со новинарите порача дека државата има доволно

Комерцијална банка, Алкалоид и Македонијатурист најтргувани на денот

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 22 декември 2025 година, индексот МБИ10 порасна за 0,23%, достигнувајќи ниво од 10.114,76 поени,

Храна која го олеснува живеењето ВО УСЛОВИ НА ЗАГАДЕН ВОЗДУХ

Во текот на зимските месеци, жителите на урбаните средини многу често се изложени на зголемени концентрации на загадувачки материи во воздухот, што неповолно влијае првенствено врз респираторните и кардиоваскуларните функции. Покрај стандардните

Николоски објави видео: Буквално пробиваме планини, најтешкиот дел од автопатот Охрид-Кичево го решаваме со 14 галерии

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски објави видео од работите на автопатот Кичево-Охрид. -НАЈТЕШКИОТ ДЕЛ од автопатот Охрид-Кичево го решаваме со изградба на 14 ГАЛЕРИИ кои прв пат се изведуваат во

Проданоски: Турскиот јазик е важен дел од културниот мозаик во Прилеп

По повод Денот на наставата на турски јазик, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати искрени честитки до сите наставници, ученици и образовни работници кои ја негуваат и унапредуваат наставата на мајчин
Go toTop