Љутков: Не ги дадовме платите пред Велигден, но го решивме проблемот!

April 24, 2025
1 min read

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков денеска изјави дека иако бил член на СКРМ, никогаш не рекол дека овој колективен договор е незаконски, туку дека овој колективен договор нема поддршка од Министерството за финансии. Свесен дека не ги дадоа платите пред Велигден, но конечно го решиле проблемот.

Тој вели „јас нема да застанам против моите колеги, тука сум да им ги решам проблемите“.

Тој од денешната собраниска говорница, за време на седницата посветена на пратенички прашања, на прашањето од пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска за ненавремено исплаќање на платите на културните работници, напомена дека проблемот конечно е решен, а исплатата е во согласност со Министерството за финансии.

-Иако сум бил член на СКРМ, никогаш не сум рекол дека овој колективен договор е незаконски, туку дека овој колективен договор нема поддршка од Министерството за финансии. Вие тоа го знаете, уште со самото потпишување сте биле министер за култура. Колективниот договор го потпишал министер кој што појма немал што потпишува и немал направено анализа какви штети ќе направи во културата и дека ќе ја „прелие чашата“, ќе не донесе до тоа 90 проценти да земаме плата, а 10 проценти да земеме за програмски активности. Вие добро знаете дека кога немате поддршка од Министерството за финансии, поточно кога нема позитивна согласност, тоа значи дека средствата ќе треба да си ги обезбедувате од сопствениот буџет. Вие тоа сте го дозволиле четири години. Сега, кога конечно некој ги решава проблемите, тоа не ви се допаѓа, рече Љутков.

Тој ги отфрли шпекулациите дека платите не биле донесени поради неговото заминување на пат.

-Не е точно дека сме почнале да правиме посебни решенија, па не сме успеале да ги донесеме платите затоа што јас сум бил на пат. Јас бев во Македонија кога требаше да се решава овој проблем. Јас не сум како вас, да одам во Стразбур во време на најголемата несреќа што се случи во државата. Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот. Конечно направивме пресметка, која што е достојна и која што е законска. Успеавме за неполн месец дена да се собереме, да направиме работна група и да направиме добра проценка како треба да изгледа овој колективен договор и исплатата на пари, со согласност од Министерство за финансии, конечно после четири години, додаде министерот.

Тој напомена дека се надева оти за брзо време во согласност со сите засегнати страни ќе се донесе нов колективен договор, кој што ќе биде корисен за сите.

-Да, јас бев член на СКРМ и од тој аспект ги знам работите и од надвор, и од внатре од Министерството за култура и туризам. Јас нема да застанам против моите колеги, јас сум тука да им ги решам проблемите. Бидејки овој колективен договор е истечен, се надевам дека за многу брзо време ќе наидеме на разбирање од сите засегнати страни и ќе донесеме нов колективен договор, кој што ќе биде корисен за сите, додаде Љутков.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Министерство за култура : Исплата на платите е во тек и ќе заврши денеска

Следно

Индија ги повика своите граѓани во Пакистан да се вратат во земјата што е можно побрзо

Latest from Blog

Трајановски: Обезбедени се 44 милиони денари за санација на регионален пат

Денеска заедно со градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев, Претседателот на Совет Стојанче Рамов, заменик директорот на ЈП Македонијапат Александар Шуковски и стручниот тим од ЈПДП извршивме увид во градежните активности на

Албанија прва во светот ќе има министерка креирана со вештачка интелигенција

Албанскиот премиер Еди Рама на седница на Националното собрание на Социјалистичката партија ја претстави првата министерка во историјата, креирана со вештачка интелигенција, наречена Диела. Рама, кој го почнува својот четврти мандат, изјави

Синот на Роналдињо потпиша за Хал Сити

фото: Hull city (X) Синот на бразилската фудбалска легенда, Роналдињо денеска потпиша за англискиот клуб Хал Сити. Клубот од Чемпионшип, кој се наоѓа на 17-то место на стартот на сезоната, се договори
Go toTop