Љутков: Кичево е Град на културата за 2026, пример како се негува и развива културниот дух

February 25, 2026
1 min read

Градот Кичево денеска го добие признанието Град на културата за 2026 година со што свечено беше отворена манифестацијата.

Министерот за култура Зоран Љутков истакна дека ова е признание за една културна зрелост и творечка енергија што Кичево како град ја носи децении. За годинава најави бројни културни настани во Кичево.

– Оваа година треба да ја искористиме како можност за отворање на нови партнерства, нови институции кон младите, за креирање културни содржини кои ќе остават трајни вредности. Културата е испиративна творечка сила што поврзува и гради пат кон иднината и нека оваа 2026 година биде доказ дека Кичево знае, умее и може да биде пример како се негува и развива културниот дух, посочи Љутков.

Министерство за култура

Министерот додаде и дека ќе присуствува на голем дел од културните настани.

Градоначалникот на Општина Кичево, Александар Јовановски рече дека ова е историски миг за нивниот град.

-Ова признание е титула, чест, но и одговорност. Признанието за нашето богато културно наследство, за традицијата што со векови се пренесува од генерација на генерација. Кичево отсекогаш било раскрсница на култури, јазици, традиции, град во кој различностите не не’ разделуваат туку не збогатуваат, град во кој песната, играта, театарот, литературата и уметноста се дел од секојдневнието, изјави Јовановски.

Министерство за култура

Тој дополни дека културата не е трошок, тоа е инвестиција во иднината на нашите деца, во заедништвото, идентитетот.

Кичево во текот на 2026 година ќе биде сцена на бројни фестивали, изложби, театарски претстави, литературни вечери, културни настани.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Македонија од сега поврзана со Европа преку 22 нови авиолинии

Следно

Меџити: Продолжуваат инфраструктурните инвестиции во Чаир

Latest from Blog

Кинески супертанкери минаа низ Ормуската Теснина

Податоците од бродските системи покажуваат дека либерискиот танкер „Серифос“ и два танкери под кинеско знаме – „Косперл Лејк“ и „Хе Ронг Хаи“ – влегле и излегле преку алтернативна рута што го заобиколува

Комитет за човекови права на ООН: Бугарија го прекршила правото на слобода на здружување на етнички Македонeц

Прекршување на повелбата за здружување на македонците во Бугарија изрече Комитетот за човекови права на ООН со што во наредните 6 месеци ќе бара одифицјална Софија да превземе мерки за исправка на

ИСТОРИЈА: Баерн Минхен со 105 голови го урна рекордот во Бундес Лигата! (ФОТО)

ФОТО:facebook.com/fcbayern.en/ Каков Баерн? Страшен, монструозен Баерн! Нека му ја мисли Реал Мадрид во среда. “Баварците“ и дефинитивно посегнуваат по 35-тата титула шампион на Германија, а вечервашниот натпревар против Ст. Паули на гостински
Go toTop