Љутков: 10 милиони евра за нова културна и туристичка енергија

July 30, 2025
1 min read

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, при денешната средба со новинарите ја претстави состојбата што ја затекнал при преземањето на функцијата и напредокот што Министерството го постигнало во изминатата година. Како главни предизвици ги посочи нефункционалните капитални проекти, институциите со ограничени ресурси и сложената административна структура.

– Затекнавме многу проекти што со години тапкаат во место, без јасна динамика или визија. Затоа, веднаш се фокусиравме на ревизија и рестарт на тие процеси – изјави Љутков.

Во таа насока, Министерството веќе спроведува реформа на културната политика со цел да биде поинклузивна, потранспарентна и насочена кон реалните потреби на културните работници и публиката.

Повеќе пари за институциите и плати од буџетот

Со ребалансот на буџетот, на Министерството му се одобрени дополнителни 267.811.000 денари за исплата на плати во националните и локалните установи, како и за државни награди, национални пензии и поддршка на уметници. Љутков потенцираше дека е надминат долгогодишниот проблем (2019–2024) кога платите мораа да се покриваат од програмските средства, со што сега културните институции добиваат значително повеќе средства за реализација на проекти и програми.

Згаснува Агенцијата за туризам – вработените преминуваат во Министерството

Како дел од административните реформи, Љутков најави згаснување на Агенцијата за поддршка на туризмот, а нејзините 30-ина вработени ќе бидат интегрирани во Министерството за култура и туризам. За таа цел веќе е изработена нова систематизација.

Со трансферот на агенцијата, Министерството добива дополнителни 605 милиони денари (околу 10 милиони евра), кои ќе се искористат за проекти поврзани со културата и туризмот: уредување на локалитетот Плаошник, реконструкција на Скопското кале, поддршка на Турскиот театар-Скопје, Агенцијата за филм, откуп на ликовни дела и развој на креативните индустрии.

Инспекторат за македонски јазик

Министерот најави и формирање на Инспекторат за македонски јазик. Наскоро ќе биде распишан оглас за вработување 12 инспектори, чии задачи ќе бидат следење и спроведување на Законот за употреба на македонскиот јазик.

– Со сите овие чекори поставуваме темели за поефикасно, правично и развојно културно и туристичко опкружување – заклучи Љутков.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СЕ УКИНУВА АГЕНЦИЈАТА ЗА ТУРИЗАМ, ВРАБОТЕНИТЕ ОДАТ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА, А ЌЕ РАБОТАТ ВО ЗГРАДАТА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕНЕРГЕТИКА

Следно

Вулканот Клучевској почна да еруптира по земјотресот на Камчатка

Latest from Blog

Израелскиот министер за одбрана е под истрага во Италија- осомничен е за измачување

Истрагата се однесува на третманот на активистите од флотилата во Газа. Ова ја прошири истрагата, која досега беше фокусирана само на Итамар Бен-Гвир, израелскиот министер за национална безбедност, објави Ројтерс. Канцеларијата на

На Пентагон итно му се потребни 50 милијарди долари- Хегсет откри за што станува збор (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Пит Хегсет се обрати на конференцијата на AUSA за време на панел-дискусија за проектот Агинкур, откривајќи дека Пентагон бара приближно 50 милијарди долари средства обезбедени преку посебен процес на

Десаи: Реал Мадрид летоска требаше да го продаде Винисиус

Поранешниот француски фудбалер, Марсел Десаи, смета дека Реал Мадрид требало да размисли за продажба на Винисиус за време на летниот преоден рок. Според освојувачот на Светското првенство во 1998 година, обидот истовремено

Спор околу Сеута: Шпанската опозиција бара распоредување на морнарицата

Неговото барање доаѓа како одговор на непотврдени извештаи дека марокански патролен брод претходниот ден навлегол во водите на шпанската енклава. Како лидер на опозицијата, Феихоо му се спротивставува на актуелниот социјалистички премиер
Go toTop