Љупчо Јаневски поднесе оставка од директорската функција во Агенцијата за туризам

December 28, 2023
1 min read

Јаневски, кој доаѓа од редовите на ДОМ, беше назначен за директор на Агенцијата за туризам пред речиси шест години, во февруари 2018 година

По речиси шест години откако е на чело на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски поднесе оставка од директорската функција.

Оставката, како што вели во изјава за МИА, ја поднел од лични причини.

Љупчо Јаневски, досегашен директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот

Во вчерашната објава на Фејсбук, во која информира за отстапувањето од директорската функција во Агенцијата, Јаневски вели оти во изминатите пет години откако е на чело на Агенцијата, се постигнати историски резултати.

„Историските резултати што ги постигнавме во изминатите 5 години говорат за нашата работа. Тоа што го затекнав пред 5 години и бројките што ги оставаме денес во некој следен подолг текст. Сакам да се заблагодарам на туристичкиот сектор, медиумите, партнерите и меѓународните организации за соработката. Каква држава ќе изградиме, во таква држава ќе живееме. Македонија мора напред!“,

пишува Јаневски во објавата на својот фејсбук-профил.

Јаневски, кој доаѓа од редовите на Демократската обнова на Македонија (ДОМ), беше назначен за директор на Агенцијата за туризам пред речиси шест години, во февруари 2018 година.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Telekom Maqedoni: Fillon cikli i dytë i programit studentor Smart Start

Следно

Романија и Бугарија во 2024 година делумно влегуваат во Шенген-зоната

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop