Луксор – една од главните атракции на египетскиот туризам

July 24, 2023
1 min read

КАИРО (АА) – Градот Луксор, кој се смета за „главен крвоток“ на египетскиот туризам, е една од омилените туристички атракции со богата историја и храмови, пишува Анадолу.

Познат по пирамидите, сфингите и фараоните, Египет е една од најатрактивните туристички дестинации во светот и место што секоја година го посетуваат голем број туристи.

Луксор е еден од градовите што крие многубројни мистерии на древната египетска цивилизација и им ја отвора вратата на голем број туристи од целиот свет. Многумина Луксор го сметаат за еден од најголемите музеи на отворено во светот.

Луксор е град со популација од околу 500.000 луѓе. Лоциран на реката Нил, Луксор е седиште на многубројни археолошки наоѓалишта и богати културно-историски споменици.

Градот бил престолнина на Египет во текот на Новото Кралство, посветен на богот Амом Ра и претставува идеална дестинација за секој вљубеник во историјата.

Луксор поседува многубројни колосални „чуда“ на древниот Египет, како што се Мемнонините статуи, гробницата на фараонот Аменхотепа, неверојатните храмови во Каранака, пирамиди и две долини на кралеви и кралици. Таму се пронајдени стотина гробници, вклучително и гробницата на фараонот Тутанкамон и фараонот Рамзес.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Aнчелоти задоволен од новата формација на Реал Мадрид против Милан

Следно

Европол: Прекинат синџир за шверцување мигранти – преку Србија, Македонија и Грција илегално пренесени околу 5 000 Кубанци во ЕУ

Latest from Blog

Николоски: Почна историска надградба на аеродромот во Охрид

Денес започна сериозна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, што е прво вакво големо интервенцирање од неговата изградба. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека со

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,

ЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира, особено за кочанската трагедија

По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни
Go toTop