Лукаревска до Љутков: Зошто не се почитува Законот, се срамите ли што ништо не направивте за македонскиот јазик?

February 27, 2025
2 mins read

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати две прашање  до министерот за култура, Зоран Љутков, кои се однесуваа на македонскиот јазик. Односно, кога  ќе почнат  да ги исполнуваат  обврските од Законот за македонски јазик, бидејќи не е исполнета  ниту една обврска и дали не се срамат затоа што досега ништо немаат направено за македонскиот јазик?

Во продолжение, интегрален текст од прашањето:

Македонскиот јазик е нашиот национален и културен идентитет. И ова наше богатство сите имаме обврска да го чуваме, негуваме и унапредуваме.

Јас сум горда, што припаѓам на партија и работев за Влада која што докажа како се сака, брани и почитува македонскиот јазик. А знаете зошто го велам ова? Затоа што токму во периодот на Владата на СДСМ, се спроведоа државнички политики за заштита, афирмација и унапредување на нашиот македонски јазик.

Тоа беа политики коишто треба да ги продолжи секоја влада која се грижи за својот мајчин јазик, а особено Влада која што во јавност пропагира силна реторика и ветувања на политики за промоција на македонскиот јазик. Да, тука мислам на Владата на ВМРО ДПМНЕ.

Она што денес го гледаме во однос на унапредувањето и афирмирањето на македонскиот јазик, е во склоп на сите останати политики на ДПМНЕ – ништо не е направено, не е спроведена ниту една политика-тотална незаинтересираност.

Дури ниту законските обврски не се исполнети, а тоа е недозволиво.

Пред да дојдам до прашањата, ќе ве потсетам дека во април 2019 година токму Владата на СДСМ донесе одлука за прогласување на 5 Мај за Ден на македонскиот јазик.

Благодарение на политиките на СДСМ, денес нашиот македонски јазик е признат во Обединетите нации, а со  Договорот со Фронтекс стана дел и од јазиците на ЕУ.

Да потсетам, дека инвестиравме во Институт за македонски јазик и финансиски ја поддржавме дигитализаацијата на сите картотеки во Институтот со што трајно заштитивме 5 милиони вредни записи на македонски текстови.

Понатаму, го дигитализиравме Правописот на македонскиот јазик, а после 24 години обезбедивме нови вработувања на научници во Институтот за македонски јазик.Овие факти се надевам дека Ви се добро познати.

Лани го донесовме и Законот за употреба на македонскиот јазик, од кој произлегуваат мерки  и обврски што треба да се преземат. Тоа е задолжително лекторирање на сите официјални материјали со јавно објавување на лекторите, вработување на лектори по македонски јазик во сите јавни институции и органи на власт, основање на Инспекторат за употреба на македонскиот јазик за контрола на примената на законот.

Од овој закон произлегуваат и мерки за стипендирање на ученици и студенти на сите нивоа за проучување на македонскиот јазик и отворање нови работни места за лектори во институциите, училиштата, издавачките куќи и медиумите.

И после сето ова имаме влада на ВМРО – ДПМНЕ, имаме министерство кое не презема ништо.

И внимавајте, по ниту една обврска што произлегува од овој закон немате постапено.

Само да потсетам на Вашиот став, и како луѓе и како партија, за великанот Блаже Конески кого го нарековте ,, Џуџето од Небрегово ,,. Тој став ја открива сета Ваша суштина и ниту стотици ваши ,, заветни ,, изјави не можат да ја покријат.

И ова не е никаква тенденциозност, само потсетување.

Девет месеци ДПМНЕ не се сети и не покажа ни иницијатива за основање на Инспекторатот за употреба на македонски јазик, нема огласи за вработување на лектори.

Па, оттука моите две прашања до министерот за култура Љутков се:

1. Кога ќе почнете да ги исполнувате обврските од Законот за македонски јазик?

2. Дали не се срамите за тоа што досега ништо немате направено за македонскиот јазик?

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стојаноски: Македонија треба да стане член на ЕУ, но со заштитен идентитет, достоинство и со крената глава

Следно

Џин Хекман и неговата сопруга пронајдени мртви во нивниот дом

Latest from Blog

Битола повторно на фудбалската мапа како домаќин на квалификациите на женската фудбалска репрезентација

Женската фудбалска репрезентација во периодот од четврти до осми февруари во Дојран ќе одржи тренинг камп со кој почнуваат подготовките за настап во квалификациите за пласман на Светското првенство. Женската селекција квалификациите

Битола повторно на фудбалската мапа: женската селекција ќе игра квалификации за СП

Женската фудбалска репрезентација во периодот од четврти до осми февруари во Дојран ќе одржи тренинг камп со кој почнуваат подготовките за настап во квалификациите за пласман на Светското првенство. Женската селекција квалификациите

Свечена спортска вечер во Пробиштип: избор на спортист на годината

Општина Пробиштип на 6 февруари 2026 година ќе ја одржи традиционалната спортска манифестација „Избираме спортист на годината“, на која ќе бидат доделени признанија за најуспешните спортисти, спортски работници и спортски клубови од

Центарот за култура – Битола: Културното срце што чука со над 300 настани годишно

Центарот за култура – Битола во 2025 година, со организација и реализација на традиционалните фестивали, голем број иновативни и нови манифестации, концерти, филмски проекции и со значаен број посетители и гости, ги

Рубио откри дека се уште се утврдува местото за преговори со Иран- Турција и дефинитивно отпаѓа

Рубио, исто така, на прес-конференција изјави дека иранската влада претходно се согласила на формат за состанокот во петок во Турција, но се чини дека се предомислила, објави Ројтерс. Рубио додаде дека специјалниот
Go toTop