Луис Хамилтон загрижен за новите правила во Формула 1

May 24, 2025
1 min read

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон изрази загриженост за насоката во која се движи Формула 1 со воведувањето на новите технички правила, но додаде дека се надева дека болидите за 2026 година сепак ќе успеат пријатно да го изненадат.

Револуционерни промени во дизајнот и моторите ќе стапат на сила од сезоната 2026, при што уделот на електричната енергија во погонскиот систем на автомобилот ќе се зголеми од 20 на 50 проценти.

Хамилтон не се снајде добро во Ферари, но се надева дека ќе може да се адаптира на овој болид.

„Ми недостига звукот. Кога ќе го чуете V12 моторот, кога ќе помине Ферари, тоа е страст. Бидејќи се префрливме на V6 моторот, иако тоа е добра насока од гледна точка на одржливост, што е секако позитивно, не можете да го избегнете фактот дека звукот не е ист како кога ќе го погледнете Ферарито на Шумахер од 2003 година“, рече Хамилтон.

Поранешниот светски шампион, исто така, ја истакна важноста на различноста во Формула 1.

„Каде и да одам, ретко гледам луѓе што личат на мене. Кога почнавме да работиме на филмот, различноста беше една од клучните теми. Сакаме да покажеме како може да изгледа Формула 1 и како треба да изгледа“, рече Британецот.

Викендов се одржува Големата награда на Монако.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Променливо облачно и нестабилно време!

Следно

Автобусите денес по неделен возен ред поради празникот

Latest from Blog

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,
Go toTop