ЛШ: Сити доминантно против Реал за финале во Лигата на шампионите

May 17, 2023
2 mins read

Италијанскиот фудбалски великан Интер и англискиот шампион Манчестер Сити ќе играат во големото финале од Лигата на шампионите на 10-ти јуни во Истанбул, откако „Граѓаните“ во средата вечерта во реваншот од полуфиналето со 4:0, или вкупни 5:1 го совлада Реал Мадрид.

Манчестер Сити го направи големиот исчекор кон финалето уште во првиот дел, кога двоен стрелец, во 23 и 37 минута беше Бернардо Силва.

Мадридските „Кралеви“ беа дотолчени во 76 минута кога Едер Милитао ја погоди сопствената мрежа, а конечниот резултат го постави Хулиан Алварез во првата минута од судиското продолжение на натпреварот.

По мадридските 1:1, Сити од самиот почеток на реваншот целосно ја презема иницијативата и доминираше на тревникот на својот „Итихад“. Во првите дваесетина минути од дуелот, поседот на топката беше 80 отсто во полза на домашните, а воедно секој од честите напади на Сити беше големо искушение за гостинската одбрана.

Во 7 минута Родри ја надмудри одбраната на Реал, но откосо шутираше рај голот на Реал. Потоа од дистанца се закани Стоунс, а најдобрата шанса на почетокот од мечот ја имаше Ерлинг Халанд. Во таа 13-та минута сѐ направи Грилиш, го измеша својот чувар и одлично нафрли на само метар од Тибо Куртоа, очекувано Халанд скокна повисоко од Алаба, но од само половина метар шутираше директно во голманот на Реал.

Во 21 минута повторно во главната улога беа Халанд и Курота, и повторно дуелот заврши во полза на гостинскиот голман. Норвежанецот шутираше со глава, Белгиецот одлично реагираше и со крајни напори го спречи погодокот.

Но голманот на Реал беше немоќен по две минути, кога конечно големата доминација на Сити беше претворена во водство. Уште еднаш извиси гостинската одбрана, Кевин де Брујно асистираше а Бернардо Силва жестоко шутираше и го погоди поблискиот агол за заслужените 1:0.

По примениот погодок Реал привидно се ослободи од притисокот на Сити, неговите играчи неколкупати тргнуваа кон домашниот гол, а најдобрата шанса ја имаше Тони Крос во 35 минута. Германецот остро шутираше од 25 метри, но гредата го спаси Манчестер Сити. А две минути подоцна Сити го удвои водството. Португалецот Бернардо Силва дојде до топката откако шутираше Илкај Гундоган, и со глава го погоди небранетиот дел од мрежата на Реал.

Второто полувреме започна со заканата на Алаба чиј удар од слободен удар го запре домашниот голман Едерсон. Очекувано, резултатот 2:0 го промени односот на теренот, Реал се обидуваше да создаде притисок, додека Сити се повлече во својата половина и настојуваше да го контролира темпото.

Но Реал тешко создаваше вистински шанси, па Крос беше принуден повторно да се обидува од далечина. Таквата игра на гостите им остави на домашните доволно простор на спротивната страна и сѐ можеше да биде решено во 73 минута. Халанд во шеснаесетникот беше луцидно проигран од Гундоган и шутираше од близина, но Куртоа се испречи, ја постави ногата и топката се одби во гредата и мина зад голот.

Само три минути подоцна, се чини, се случи неминовното на овој меч. Во 76 минута Де Брујне од слободен удар нафрли во гостинскиот шеснаесетник, во мешаницата топката ја допре Аканџи но Едер Милитао ја закова во сопствената мрежа за 3:0 за Сити.

До крајот на мечот Сити сосема ги стивна ритамот на натпреварот. Реал, исто така, почувствува дека финалето е невозможно, а во тој период Марко Асенсио пропушти можност за почесен погодок за Реал. Во 89 минута во игра влезе Хулиан Алварез, а стотина секунди подоцна по убаво проигрување поентираше за конечните 4:0.

Манчестер Сити се пласираше по вторпат во финалето на Лигата на шампионите. Единствено финале во својата историја во најелитното континентално натпреварување го одигра пред две сезони кога беше поразен со 0:1 од Челзи.

Реал Мадрид, така, нема да ја брани титулата, но и натаму незагрозени се неговите 14 титули во ова натпреварување.

Ривалот на Сити, милански Интер досега има три титули. Претходниот Куп на шампионите го освои во 1964 и 1965 година, а во Лигата на шампионите во 2010 година, со македонскиот играч Горан Пандев во тимот со 2:0 го совлада минхенски Баерн.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Бела куќа: Бајден на самитот на Г7 во Хирошима нема да се извини за употребата на нуклеарно оружје

Следно

ПСЖ започна преговори со Хари Кејн

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Неврохирургот на Заев, Филипче во раководството има само верни слуги на Заев

Венко Филипче, неврохирургот на Зоран Заев уште еднаш вечерва покажа дека не можеа сам да стои на свои нозе во политиката, велат од ВМРО-ДПМНЕ по внатрепартиските раководни именувања во СДСМ. -По изборот

Костова, дел од раководството на СДСМ: Мизерна е таа лакомост на религиозните

Кристина Костова вечерва е избрана за потпретседател на СДСМ на првата седница на новиот Централен одбор на партијата. Зад Костова која е дел од раководството на СДСМ, како печат стои делувањето во

Туркије: Декларацијата на Алијансата на цивилизации на ОН ја потврди определеноста за борба против дискриминацијата

ИСТАНБУЛ (АА) – Министерството за надворешни работи на Туркије денес соопшти дека посветеноста на борбата против сите форми на дискриминација е нагласена во декларацијата усвоена на Десеттиот глобален форум на Алијансата на

Воениот извоз на Германија во Израел достигна 139 милиони долари, и покрај меѓународната загриженост за Газа

БЕРЛИН (АА) – Германија одобри 131 милион евра (139 милиони долари) воен извоз во Израел оваа година, и покрај зголемената меѓународна загриженост за геноцидот врз Палестинците во Газа, јавува Анадолу. Министерството за

Перински: Состојбата со јавниот превоз не е криза, туку крах

Министерот за локална самоуправа Златко Перински во вечерашното гостување на телевизија „Алсат М“, состојбата со јавниот превоз ја оквалификува како крах, а не криза. Тој рече дека темата е актуелна веќе неколку
Go toTop