Локализиран пожар во село Пелинце – изгоре една куќа, избегната поголема катастрофа

June 7, 2025
1 min read

Центарот за управување со кризи (ЦУК) ја информира јавноста дека денеска, на 6 јуни 2025 година, во 14:16 часот, на единствениот итен број е-112 била примена пријава за пожар на подрачјето на село Пелинце, општина Старо Нагоричане, на локација викана Мало Миџунци.

Според пријавата, огнот најпрво зафатил сува трева и нискостеблеста шума, но поради ветерот и сувите услови, бргу се проширил и навлегол во селото, каде што целосно изгорела една куќа. Бидејќи во селото живеат повозрасни лица, веднаш била побарана итна интервенција.

ЦУК веднаш ги алармираше надлежните институции:

  • Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) – Старо Нагоричане,
  • Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС),
  • Македонски шуми – Подружница Куманово.

Благодарение на брзата и координирана реакција, пожарот бил локализиран за помалку од еден час од страна на ТППЕ Старо Нагоричане. Екипите на терен веќе се подготвени за повлекување, откако го ставија пожарот под контрола.

Од ЦУК упатуваат апел до граѓаните да бидат внимателни при движење и престој во природа и да не палат отворен оган, особено во летните месеци, со цел превенција на пожари и заштита на имотот и човечките животи.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Истанбул е „жива скапотија“ за нормален живот

Следно

Англија едвај ја победи Андора, Кејн го постигна единствениот гол

Latest from Blog

Стабилизирани цените на горивата: Владата спречи ценовен шок и ги заштити граѓаните и економијата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната

Комерцијална банка и Алкалоид најтргувани на денешната сесија – МБИ10 со благ пад од 0,07%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 23 март 2026 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,07% и заврши на 9.949,44

Намален ДДВ, стабилни цени – Владата го ублажи ударот врз граѓаните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната
Go toTop