Лога го потпиша барањето за екстрадиција на Палевски, останува уште да се преведе на турски и да се испрати

December 6, 2023
3 mins read

„Очекуваме соработка со правосудните органи на Република Турција и постапување од нивна страна во најкус можен рок, по што  Љупчо Палевски ќе биде изведен пред органите на правдата во нашата земја“, велат од Правда

Инаку до надлежните турски власти Правда веќе испрати барање Љупчо Палевски да биде задржан во притвор поради екстрадиција сè до завршувањето на постапката. Очекувањата на Министерството се Турција веднаш да постапи по ова барање

Министерот за правда Кренар Лога го потпиша барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски, првоосомничен за грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, соопштија попладнево од Министерството.

Министерот за правда го потпишува барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски / Фото: Министерство за правда

Ова значи дека во Министерството за правда, како надлежно за постапката, ги собрало сите списи и документи од институции, неопходни за екстрадицијата на Палевски од Турција, каде што вчера беше уапсен по претходно распишана меѓународна потерница од македонските власти.

Останува уште барањето да биде преведено на турски јазик пред да биде испратено до Министерството за правда на Република Турција.

„Очекуваме соработка со правосудните органи на Република Турција и постапување од нивна страна во најкус можен рок, по што  Љупчо Палевски ќе биде изведен пред органите на правдата во нашата земја“,

се наведува во соопштението од Министерството за правда.

Барањето, како што информираа претходно денеска од Министерството, ќе биде испратено по ДХЛ во печатена форма, а надлежните власти во Турција пред тоа треба да го добијат електронски преку Интерпол.

Инаку до надлежните турски власти Правда веќе испрати барање Љупчо Палевски да биде задржан во притвор поради екстрадиција сè до завршувањето на постапката. Очекувањата на Министерството се дека Турција веднаш да постапи по ова барање.

Фотографии од Љупчо Палевски-Палчо по неговото апсење во Турција / Фото: МВР

Министерството за правда по добиената потврда за апсењето на Палевски беше во координација со сите засегнати институции, за што побрзо да се заврши постапката со барањето за екстрадиција и да не се чека до последен момент, односно до истекот на рокот од 40 дена.

„Министерството за правда ја отпочна постапката за екстрадиција и ги прибира сите документи од институциите кои се потребни за нејзина реализација. Направени се контакти со Јавното обвинителство на РСМ и со Основното јавно обвинителство Скопје за да се комплетираат уредно списите како би можело Министерството за правда да постапува. Во координација сме со сите засегнати институции за да постапиме веднаш и нема да чекаме да измине рокот од 40 дена за да го доставиме барањето за екстрадиција“,

соопштија денеска претпладне од Министерството.

По кратко време, од Основното јавно обвинителство Скопје информираа дека го изготвиле барањето за екстрадиција од Турција на Љупчо Палевски-Палчо и дека итно е доставено до Министерството за правда.

„Основното јавно обвинителство Скопје го изготви Барањето за екстрадиција од Република Турција на лице осомничено за две кривични дела – грабнување од член 141 од Кривичниот законик, како и две убиства на свиреп начин (едно на малолетно лице и едно од користољубие) заедно казниви по член 123 став 3 од Кривичниот законик. Јавниот обвинител побара од надлежните власти во Република Турција екстрадиција на лицето за кое е распишана меѓународна потерница, а од Интерпол, Анкара е добиена информација дека на 05.12.2023 година е уапсен во Република Турција“,

соопштија од Обвинителството.

Оттаму информираат дека во барањето за екстрадиција до турските власти ќе биде доставена комплетната документација, која ги вклучува наредбата за истражна постапка против осомничениот, решението со кое од Основниот кривичен суд му е определен бранител по службена должност и му одреден притвор, како и наредбата за распишување на меѓународна потерница. На турските власти, исто така, ќе им бидат посочени и применетите одредби од Кривичниот законик во кои е содржан законскиот назив и обележјата на кривичното дело за кое се води истрагата и други релевантни одредби од македонското законодавство.

Барањето за екстрадиција до Министерството за правда е доставено преку Одделението за меѓународна правна помош на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, а врз основа на Европската конвенција за екстрадиција со дополнителните протоколи, Договорот за правна соработка во граѓанските и кривичните предмети меѓу Република Македонија и Република Турција и Законот за меѓународна соработка во кривичната материја, рекоа од Обвинителството.

Инаку, од Министерството за правда информираа, односно дадоа објаснување на целата постапка на екстрадиција.

Се почнува по добиено известување дека лице барано по меѓународна потерница е лоцирано или лишено од слобода во странска држава. Во случајот со Палевски, во Правда известувањето го добиле денеска наутро во 9:20 часот од Интерпол.

„Откако ќе се добие тоа известување кое најчесто стигнува од Министерството за внатрешни работи (МВР) – Секторот за меѓународна полициска соработка (СМПС) – Интерпол, се прибавуваат списи од органот кој ја издал наредбата да се распише меѓународната потерница. Кога ќе се добијат списите од органот кој ја издал меѓународната потерница, се пристапува кон изготвување барање за екстрадиција“,

објаснија од Министерството за правда.

Откако ќе биде готово, барањето за екстрадиција го потпишува министерот за правда или лице овластено од него, а потоа комплет списите се праќаат до централниот орган кој најчесто е Министерство за правда на државата каде што е бараното лице.

Љупчо Палевски-Палчо е уапсен вчера во близина на турскиот град Баликесир откако по него Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница.

Информацијата за апсењето на Палевски и деталите синоќа на прес-конференција ги изнесе министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Спасовски пред новинарите ја покажа потврдата од турските власти дека е уапсено лицето кое се бара по потерница од македонската полиција, распишана преку Интерпол.

Покрај потврдата, тој покажа и фотографии од Палевски направени по неговото апсење.

Одговарајќи на новинарски прашања, министерот ја објасни, односно даде реконструкцијата на траекторијата на движење на првоосомничениот за грозоморните убиства по напуштањето на С Македонија.

*Поврзани вести:

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Возило излетало од патот кај кичевско, возачот починал пред несреќата!

Следно

Maричиќ и Ковачевски ја убедуваат ЕУ да го заштити македонскиот идентитет

Latest from Blog

Холандските обвинители работат на блокирање на извозот на делови за авионите Ф-35 во Израел

ХАГ (АА) – Главниот обвинител на холандскиот Врховен суд побара одобрување на одлуката на Апелациониот суд за стопирање на извозот на делови за борбените авиони Ф-35 во Израел, се вели во официјалното

Во тешка сообраќајка загина Живко Пејковски, поранешен пратеник

Во сообраќајна незгода денеска загина Живко Пејковски, поранешен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на затворот „Идризово“. Веста за неговата смрт ја потврди и неговиот син преку објава на социјалните

Фетаи: Неселективна и примерна правда за кривични дела говор на омраза и нетрпеливост

Потпретседателот на Владата на Македонија, одговорен за политиките на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска го осуди палењето на македонското и албанското знаме, опишувајќи ги како кукавички чинови, кои сведочат за опасниот раст

Скаловски: Институтот за родови студии е во алармантна состојба поради недостаток на кадар

Семејното насилство, фемицидите и дискриминациите, во отворена или камуфлирана форма, и натаму опстојуваат за жал, и тоа е и светски тренд. Но тоа не смее да биде оправдување за да се откажеме

Заврши амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2025 година

Собраниската Комисија за финансирање и буџет вечерва го заврши претресот на амандманите по Предлог-буџетот за 2025 година. По амандманската расправа, како Дополнет предлог-буџет документот се враќа во Владата на финално одобрување по
Go toTop