Лишени од слобода две лица поради предизвикување пожари во Прилеп и Ресен

March 22, 2025
1 min read

Полициски службеници од ОВР Прилеп вчера во 15.20 часот на ул. „Осоговска“ во Прилеп го лишиле од слобода П.К.(51) од Прилеп осомничен дека претходно, околу 14.30 часот, на повеќе места на различни ниви во близина на Прилеп запалил сува трева.

Притоа се запалиле и изгореле дрва, бандера во сопственост на ЕВН и сува трева во непосредна близина на куќите. 

Министерството за внатрешни работи соопшти дека пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Прилеп. 

Полициски службеници од ОВР Ресен, пак, вчера  во 13.20 часот во Ресен ја лишиле од слобода Г.М.(60) од Ресен поради основи на сомнение дека истиот ден во 12.35 часот кај место викано „Бараки” запалила ѓубре, но огнот се проширил и зафатил простор со сува трева. Пожарот бил изгаснат од  Територијалната противпожарна единица Ресен.

МВР наведува дека по документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот министер Фидан ќе присуствува на состанокот за Газа на ОИС и Арапската лига

Следно

81-годишен маж измамен за 60 илјади денари во сопствениот дом!

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop