Лишен од слобода 34-годишен маж којшто силувал дете во напуштен локал во Тетово

February 7, 2025
1 min read

Полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Р.Х.(34) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека во ноември 2024 година извршил обљуба врз малолетник од Тетово.

За случајот биле известени и вклучени Јавен обвинител и претставници од Центарот за социјални работи Тетово.

Р.Х. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок, соопшти СВР Тетово.

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 34-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Силување дете кое не наполнило 15 години, казниво според член 188 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот на 28.11.2024 година, во напуштен локал од градскиот трговски центар во Тетово, со употреба на сериозна закана со нож, насилно извршил полов однос со дете родено 2010 година, по што избегал. Детето исплашено од заканите на осомничениот кажало за настанот само на еден другар, се до 04.02.2025 година кога дознал братот на жртвата и веднаш пријавил во полиција.

По предлог на јавниот обвинител, на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Семејството е основа на превенцијата: Не им купувајте на децата џипови кога ќе наполнат 18 години, им давате репетиран пиштол

Следно

„ВМРО-ДПМНЕ има повеќе кандидати за градоначалник на Скопје, добро е да има конкуренција“, вели Ѓорѓиевски

Latest from Blog

Ѓоковиќ во финале, Медведев дисквалификуван откако збесна и удри навивач со топче во глава (Видео)

Новак Ѓоковиќ ја оствари својата 33-та победа во Пекинг! Тој триумфираше над Данил Медведев, кој беше дисквалификуван! Ноле победи по маратонски меч – при резултат 7-5, 5-3, 15-15 – и со тоа

ПРЕСВРТ ВО ВОЈНАТА – Јемен ја презема контролата кај Баб ел-Мандеб

Воените сили на меѓународно признатата јеменска влада тврдат дека ја презеле контролата врз стратешката област кај морскиот премин Баб ел-Мандеб од Хутите како дел од новата воена операција наречена „Јеменска зора“. Воениот

Швајцарците се жалат и за тревникот на стадионот во Луцерн, исто како и за Националната арена во Скопје

Швајцарија ја совлада Словенија со 2-1 и стигна до три победи во Лигата на нации, но триумфот на домашен терен донесе и сериозна главоболка пред следниот натпревар. Теренот во Луцерн, според информациите
Go toTop