Лига на шампиони: Висок пораз на Еурофарм Пелистер од Висла Плоцк

October 17, 2024
1 min read

Ракометарите на битолски Еурофарм Пелистер го претрпеа четвртиот пораз во Лигата на шампиони, откако вечерва на гостувањето во полски Плоцк загубија од домаќинот Висла со 26-18 (13-11) во рамки на 5 коло во групата А.

Македонскиот ракометен првак лошо го отвори натпреварот во Орлен Арена, дозволувајќи му на полскиот тим на средина од првото полувреме да поведе со високи 9-2.

До крајот на првиот дел Еурофарм Пелистер постепено ги консолидираше своите редови и на полувреме замина со негатива од два гола разлика.

Сепак, Еурофарм Пелистер лошо го отвори и второто полувреме и Висла со серија од 4-1 поведе со 17-12, а во 45 минута ја зголеми предноста на недостижни +8 (23-15).

Кузмановски со пет и Борзаш со четири голови беа најефикасни во редовите на Еурофарм Пелистер на гостувањето во Плоцк.

Еурофарм Пелистер со еден освоен бод сега е претпоследен на табелата пред гостувањето на крајот на октомври на норвешка Фредериција која е на последното место со пет порази во исто толку натпревари. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Димитриевски: Задоволен сум од работата на Владата во првите 100 дена

Следно

Претседателите на турскиот и унгарскиот Парламент ја одбележаа 100-годишнината на билатералните односи

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop