Лидерот на Либералната партија, Марк Карни, положи заклетва како 24-ти премиер на Канада

March 14, 2025
1 min read

ХАМИЛТОН (АА) – Новоизбраниот лидер на Либералната партија, Марк Карни, денес положи заклетва како 24-ти премиер на Канада во „Ридо хол“ во главниот град Отава, јавува Анадолу.

„Ние сме многу фокусирана Влада, фокусирана на акција“, им рече Карни на новинарите пред „Ридо хол“, пред церемонијата за положување заклетва.

Тој сподели објава на X, велејќи: „Денес градиме Влада која одговара на моментот. Канаѓаните очекуваат акција – и тоа е она што овој тим ќе го испорача“.

„Помал, искусен Кабинет што се ‘движи’ побрзо, ја обезбедува нашата економија и ја штити иднината на Канада“, додаде тој.

Премиерот во заминување, Џастин Трудо, денеска официјално поднесе оставка, распуштајќи го својот 37-член Кабинет.

Карни е поранешен гувернер на Банката на Канада и Банката на Англија. Тој исто така работеше во „Голдман сакс“ и одигра клучна улога во држењето на кормилото на Канада низ финансиската криза во 2008 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски во Општина Студеничани: Поставување на камен темелник на реконструкција на локален пат

Следно

ПМФЛ: Вардар и Шкендија ремизираа на отворањето на 24 коло

Latest from Blog

Стабилизирани цените на горивата: Владата спречи ценовен шок и ги заштити граѓаните и економијата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната
Go toTop