Лидерите на ЕУ и ОН заеднички предупредија на гладот во Појасот Газа и апелираа за помош

March 20, 2024
1 min read

БРИСЕЛ (АА) – Претседателката на Комисијата на Европската Унија (ЕУ) Урсула фон дер Лајен и генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш предупредија дека населението во блокираниот палестински Појас Газа се соочува со глад и повикаа на реакција, јавува Анадолу.

Фон дер Лајен се состана со Гутереш, кој е во посета на Брисел за да присуствува на Самитот на европските лидери што ќе се одржи на 21 и 22 март.

Пред почетокот на средбата Фон дер Лајен и Гутереш им кажаа на новинарите дека ќе разговараат за ситуацијата во Газа и во Украина.

„Ние сме крајно загрижени поради војната во Газа и катастрофалната хуманитарна ситуација што се појави. Газа се соочува со глад. Ова е неприфатливо. Од клучно значење е сега брзо да се договориме за прекин на огнот што ќе ги ослободи заробениците и ќе овозможи да стигне поголема хуманитарна помош во Газа“, рече Фон дер Лајен.

Таа, исто така, истакна дека е многу загрижена поради опасноста од израелски напад од големи размери врз Рафа, град во јужниот дел на Појасот Газа.

Фон дер Лајен додаде дека ЕУ прави сѐ за да достави поголема помош во Газа и посочи дека во меѓувреме треба да се извршат и подготовки за дводржавно решение.

Челникот на ОН, Гутереш, исто така, рече дека се минува низ мрачен период кога улогата на Европа на глобалната сцена е поважна од кога било.

Укажувајќи дека меѓународното право и Повелбата на ОН се игнорирани во војната што се води во Украина повеќе од две години, Гутереш рече дека и во Газа има војна.

„Додека трае војната во Газа, ништо не може да ги оправда грозоморните акции на Хамас на 7 октомври. Ништо не може да го оправда колективното казнување на палестинскиот народ. Денес повеќе од половина од населението, или повеќе од еден милион луѓе, се соочува со катастрофален глад. Мора да дејствуваме сега пред да биде предоцна. Ги повикувам израелските власти да дозволат целосен и неограничен пристап до резервите на хуманитарна помош низ Газа, а меѓународната заедница целосно да ги поддржи нашите хуманитарни напори“, рече Гутереш.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Османи до Хил: Србија не може ниту да сонува членство во НАТО

Следно

Акане: Путин не може да ја избегне правдата

Latest from Blog

Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада

Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време. Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за
Go toTop