Либија: Откриена бактериска контаминација во сите подземни води во Дерна

September 28, 2023
1 min read

ТРИПОЛИ (АА) – Владата за либиско национално единство соопшти дека по поплавите на истокот на земјата откриена е „бактериска контаминација“ во сите подземни водни ресурси во градот Дерна, како резултат на мешањето на отпадните води и распаѓањето на човечките тела, јавува Анадолу.

Генералната дирекција за прашања за чистење на животната средина при Министерството за локална самоуправа на Владата за национално единство наведе дека тимовите продолжуваат со испитување на водните ресурси во погодените градови преку спроведување на сеопфатни анализи на водата, вклучително и анализа на водата во цевката што влече морска вода во прочистувачот на пристаништето.

Се наведува дека цевката се смета за важен дел од процесот на десоленизација на морската вода во регионот, бидејќи црпи големи количини морска вода и ја насочува кон пречистителната станица, која е важен извор за снабдување со вода за пиење за Дерна и населението во околината.

„Резултатите од анализата покажаа дека сите јавни и приватни ресурси на подземни води се контаминирани со микробна контаминација. Резултатите покажаа и дека морската вода е хемиски и бактериски контаминирана како резултат на мешањето со канализацијата и распаѓањето на труповите во неа“, соопштија од Министерството.

Истакнато е дека тимовите продолжиле со дистрибуција на хлор во форма на таблети за дезинфекција на водата, како и со едукација и насочување на граѓаните за безбедно користење на водата.

Медитеранската бура Даниел ја погоди источна Либија на 10 септември, што доведе до поплави во неколку градови, Бенгази, Бајда, Ал Марџ, Соуса и Дерна, што резултираше со обемно уништување на инфраструктурата и илјадници жртви.

Дерна беше најтешко погодена од смртоносните поплави, а ситуацијата се влоши со уривањето на двете големи брани во тој град.

Светската здравствена организација (СЗО) наведе дека повеќе од 4.000 луѓе загинале како последица на поплавите во Либија, а над 8.500 се водат како исчезнати.

Меѓутоа, според податоците на силите лојални на Парламентот со седиште во источна Либија, во катастрофалните поплави загинале најмалку 4.120 луѓе.

Над половина од здравствените установи во градот Дерна и регионите Марџ и Џебел ал-Ахдар станаа делумно или целосно нефункционални.

Обединетите нации и партнерите обезбедуваат услуги како што се основање теренски болници во регионот, дистрибуција на основни залихи на помош, храна и вода и обезбедување психо-социјална поддршка.

И покрај напорите за поправање на инфраструктурата, оштетените патишта, повремените прекини на струја и интернет, како и логистичките ограничувања, и понатаму влијаат на активностите за обезбедувањето помош.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Османи: Македонија е најмалтретираната земја во процесот на проширување на ЕУ

Следно

Османи: Северна Македонија е најмалтретираната земја во процесот на проширување на ЕУ

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Адвокати на Заев вршеле притисок во СЈО – предметот „Пуч“, останал затворен

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) наместо како независнa институција, функционирало како партиски штаб на СДСМ, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста, повикувајќи се на изјави од поранешната обвинителка Лејла Кадриу. Според Кадриу,

Мисајловски на состанок на министри за одбрана на НАТО во Брисел

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска ќе учествува на состанокот на ниво на министри за одбрана на Северноатлантскиот совет на НАТО во седиштето на Алијансата во Брисел. – Министерот Мисајловски заедно со

„Престанете да тропате на вратата на Кремљ“

Литванскиот претседател Гитанас Науседа апелираше до европските политичари да престанат да „тропаат на вратата на Кремљ“, сметајќи дека тоа ја ослабува позицијата на Европа. „Позицијата на Европа тешко може да се зајакне

Кенгур брутално претепа човек: Му се нафрли на кучето, а потоа ме удри по лицето (ВИДЕО)

Жртвата била однесена во болница со повреди кои, според медиумските извештаи, би можеле да бидат „споредливи со сериозни повреди од сообраќајна несреќа“. „Излезе како ракета“ Според Кол, кенгурот излегол од водата и
Go toTop