Ли Кианг ќе присуствува на Самитот на Г-20 во Индија наместо претседателот

September 4, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Кинескиот премиер Ли Кианг ќе присуствува на Самитот на Г-20 во Индија оваа недела на местото на претседателот Си Џинпинг, потврдено е денес, пренесува Анадолу.

„На повик на Владата на Република Индија, премиерот на Државниот совет, Ли Кианг, ќе присуствува на 18. Самит на Г-20 што ќе се одржи во Њу Делхи, Индија, на 9 и 10 септември“, се вели во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи.

Индија е домаќин на состанокот на кој се очекува да учествуваат многумина светски лидери, меѓу кои и американскиот претседател Џо Бајден, а доаѓањето на рускиот претседател Владимир Путин не е планирано.

Од вторник Ли ќе присуствува на годишниот Самит на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Индонезија, а се очекува во петок да лета од Џакарта до Њу Делхи.

Кина соопшти дека „се радува“ на Самитот на кој ќе се постигне „консензус за решавање на предизвиците во економијата и развојот, пренесување доверба на надворешниот свет и промовирање заеднички просперитет и раст“, ​​соопшти Министерството, според државниот „Глобал тајмс“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Спасовски за личните документи: Ќе нема никакви последици за граѓаните ако не се променат до февруари 2024 година

Следно

Фудбалери во Шпанија бараат да ги слушаат разговорите во ВАР собата

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop