Левица: Да се скратат злоупотребите на патните прошоци на пратениците кои месечно стигаат и до три минимални плати

February 9, 2025
2 mins read

Целта на Предлог законот за изменување на Законот за пратеници, по скратена постапка, поднесен од пратениците на Левица е да се намалат трошоците од Буџетот на Македонија, како и да се зголемат заштедите на одредени буџетски финансиски средства кои се даваат на име „патни трошоци“ на пратениците. Предлагачот, Левица наведува дека измените на ова законско решение се неопходни, за да можат „народните претставници“ да се доближат до граѓаните кои ги претставуваат, и затоа реална е потребата да се ограничи пратеничкото право на надоместок за патни трошоци, кое честопати се злоупотребува.

„Предложеното законско решение уредува наместо досега утврдените 20% од продажната цена на еден литар гориво, пратениците да добиваат надоместок
во износ не поголем од продажната цена на шест ипол литри гориво, просечно потребни за изминат пат од 100 километри“

Предвидената и планирана битна измена на законот е сублимат од поправичната уредност на оваа правна област во некои од земјите-членки на ЕУ.

Дополнително, потребата од ова законско решение е поради досегашните енормни суми на надоместоци кои им се исплатени на пратениците во Р. Македонија. Па така, историско-компаративната анализа за просечните исплатени патни трошоци за пратеник направена за регионот на Југоисточна Европа и Западен Балкан (Македонија, Словенија, Бугарија, Хрватска и Косово), во
периодот 2010–2016, говори дека македонски пратеник просечно земал вкупна сума од ок. 40.000 ЕУР патни трошоци – сума која е за 4.000 ЕУР повисока од
сумата која му е исплатена на пратеник во Словенија; 21.000 ЕУР повисока од сумата која му е исплатена на пратеник во Бугарија; 28.000 ЕУР повисока од
сумата која му е исплатена на патеник во Хрватска и 34.000 ЕУР повисока од сумата која му е исплатена на пратеник во Косово“.

Од Левица наведуваат дека, пратеничката функција е „народна служба“, и дека со оглед на висината на месечните примања на име плата кои ги добиваат пратениците во однос на мнозинството граѓани кои работат за „минимална плата“, која е пет до шест пати помала од пратеничката, износите кои пратениците ги добиваат на име на патни трошоци за службени потреби во изминатите години се нереални и често на
месечно ниво достигнуваат и до три „минимални плати“.

Сегашната практика дозволува пратениците да бараат надоместоци за амортизација и патарини, што доведува до многу високи износи на патни трошоци, па дури и до случаи каде некои пратеници оддалечени од Скопје добиваат и до 800.000 денари за патни трошоци. За разлика од нив, пратениците од Левица не користат овие привилегии и сами ги покриваат своите трошоци за кирија во Скопје, сметајќи дека нивните плати се доволни за тоа.

„Овој законски предлог ќе има директни користи за граѓаните, бидејќи средствата кои ќе се заштедат можат да се пренаменат за подобрување на животниот стандард на најранливите категории, како што се сиромашните и маргинализираните групи. Ние, како пратеници, сакаме да покажеме пример и да се грижиме за оние кои најмногу имаат потреба од помош“, информираат од партијата.

Левица апелира до мнозинството и до власта да го поддржат ова рационално решение и да го усвојат законот за ограничување на патните трошоци, кој ќе биде разгледан на седницата в среда.

Предлог законот за изменување на Законот за пратеници пред пратениците ќе се најде на 34. собраниска седницата на Собранието што ќе се одржи в среда, како 9-та точка на дневниот ред.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мицкоски за интерпелацијата за Судски совет: Нема како да бидат разрешени членовите, но борбата ќе биде со јавен притисок

Следно

МУ РЕКОВ НА ТОНЕЦОТ ДА МИ КАЖЕ ГЛУП ВИЦ, ВЕЛИ НОРВЕШКАТА ЅВЕЗДА РЕНАТЕ РЕНСВЕ ЗА 7-МИНУТНОТО СМЕЕЊЕ ВО ФИЛМОТ „АРМАНД“

Latest from Blog

Муртезани-Палминтери: Продлабочување на билатералната соработка, со крајна цел забрзување на процесот на евроинтеграција

Mинистерот за европски прашања Орхан Муртезани, имаше средба со новоименуваниот амбасадор на Италијанската Република во Република Македонија, Паоло Палминтери. Министерот Муртезани ја поздрави континуираната и принципиелна поддршка на Италија за политиката на

Рама: Велиај останува градоначалник на Тирана, неговото апсење е кршење на демократските стандарди

Албанскиот премиер Еди Рама апсењето на градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, по налог на СПАК,  го смета за кршење на демократските стандарди. Во реакција за новинарската мрежа БИРН, Рама застана во одбрана

Јаневска: Преку мобилна апликација родителите ќе имаат увид во образовниот напредок на нивните деца

Увид во распоредот и содржината на часовите на учениците, во редовноста на настава–оправдани и неоправдани изостаноци, зададените домашни задачи, добиените оценки и издадените свидетелства, преку мобилна апликација родителите ќе можат во секој

Глобалниот имиџ на Туркије во подем, покажува анкета

АНКАРА / ИСТАНБУЛ (АА) – Перцепцијата за Туркије се менува позитивно паралелно со нејзиното зголемено меѓународно влијание, според извештајот за 2025 година на Минхенската безбедносна конференција, подготвен врз основа на анкети спроведени

Истражување: Само 11 отсто од младите Британци изјавиле дека ќе земат оружје и ќе се борат за својата земја

ЛОНДОН (АА) – Половина од генерацијата З во Велика Британија верува дека Британија е расистичка земја, додека само четворица од 10 млади Британци велат дека се горди на својата земја, покажа новообјавеното
Go toTop