Левандовски ќе ја заврши кариерата во американската МЛС лига

March 1, 2023
1 min read

Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, би можел да ја заврши фудбалската кариера во американската МЛС лига, најави денеска поранешната портпаролка на полскиот репрезентативец Моника Бондарович.

„Верувам дека следна станица на Левандовски по Барселона ќе бидат САД. Затоа и организирав и водев интервјуа со него во американските медиуми. Силата на името се гради однапред, пред да ја продолжите кариерата во таа земја, а не кога веќе ќе бидете таму“, рече Бондарович за полскиот сајт „Спорт“.

Левандовски (34) лани дојде во Барселона од Баерн Минхен и има договор со каталонскиот клуб до јуни 2026 година.

Полскиот репрезентативец во моментов се рехабилитира од повреда и на теренот би требало да се врати за две недели.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФОТО: Страшна железничка несреќа во Грција, најмалку 32 загинати и над 80 повредени

Следно

Преживеан патник од возот во Грција: Хорор, се превртевме, насекаде имаше оган

Latest from Blog

Наследник на медиумско царство во Норвешка и неговата бремена сопруга загинаа во мистеризна авионска несреќа во Гватемала

Неговата бремена сопруга Џудит Мазариегос (26) исто така загина во авионската несреќа. Семејството ја потврди смртта на двајцата за норвешкиот весник „Дагбладет“. Норвешкото Министерство за надворешни работи потврди само дека меѓу жртвите

Мицкоски: 63 имиња, 63 животи што недостигаат, 63 светлини што никогаш нема да згаснат во нашето сеќавање

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва, преку својот фејсбук профил, порача дека загинатите во трагедијата во Кочани засекогаш ќе останат во нашето сеќавање. -63 имиња, 63 животи што недостигаат, 63 приказни што прерано запреа,
Go toTop