Лешко: Синот не може никој да ни го врати, ние бараме само правда

February 4, 2025
1 min read

Младиот ди-џеј Љупчо Лешко загинал од насилна смрт додека пуштал музика на приватна забава во скопско Радишани. Ова е конечниот став на Судска медицина по скоро пет месеци откако ја започнаа обдукцијата.

Семејството на починатиот ди-џеј вчера беа гости во емисијата „Заспиј ако можеш“ и уште еднаш пред македонската јавност раскажаа за кобната вечер во кој почина нивниот син.

-Синот никој не може да ни го врати, но ни бараме само правда, тоа му го должиме него, вели семејството на Љупчо.

Тие раскажаа за многу работи во кои се сомневаат околу водењето на истрагата, како и  за сопственикот на објектот во кој починал нивниот син.

Болката на семејството Лешко е уште поголема. Неговата сестра, Стефанија Лешко, ги прашува институциите што планираат понатаму, бидејќи се сигурни дека постојат доволно докази за да се покрене кривична постапка против газдите на објектот.

Уверени сме и сигурни дека не е несреќен случај и мислиме дека ЈО има доволно докази за да поведе кривична постапка против сопствениците на објектот. Исто така, сакам да упатам апел до јавноста, особено до родителите дека во Скопје и цела Македонија има премногу објекти кои работат без дозвола за вршење на таква дејност,со кои државата и инспекторатите би требало да се позанимаваат најмногу поради постоење на голем ризик од вакви случаи со смртен исход“, вели Стефанија Лешко.

На крајот од емисијата таткото на починатиот Љупчо, Раде Лешко, кажа дека верува во тоа дека во институциите сепак постојат добри луѓе и големи професионалци, како и тоа дека имал огромна поддршка и помош лично од министерот за одбрана, Владо Мисајловски, од неговиот кабинет, како и од Генералштабот.

На крај од емисијата би сакал да ми дозволите да се заблагодарам лично на министерот за одбрана, Владо Мисајловски, до неговиот кабинет и до Генералштабот за неизмерната поддршка и солидарност која ми ја даваат мене и на моето семејство откако се случи овој чи и навистина сме им премногу благодарни за тоа што го прават за нас, вели Раде Лешко.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Муртезани во ЕП: Поддршка за европската перспектива на земјава  

Следно

Полскиот Национален парк „Татра“ привлече рекордни 4,9 милиони посетители со својот величествен пејзаж

Latest from Blog

Луксузен хотел во Кран-Монтана затворен поради пропусти во противпожарната заштита

Швајцарските власти донесоа одлука да затворат луксузен хотел со пет ѕвезди во ски-центарот Кран-Монтана, откако биле утврдени сериозни проблеми со противпожарната безбедност. Одлуката следува само неколку недели по трагичниот пожар во бар

„Илинден“-Тирана 17 години глас на Македонците во Република Албанија

На 6 февруари 2009 година беше формирано Македонското друштво “Илинден”-Тирана, а оваа година се навршуваат 17 години од неговото постоење и работа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана е регистрирано во Основниот суд во Тирана,

ВИДЕО: Колона со камиони од синоќешната полициска акција од заплената на десетици тони марихуана

Десетина комбиња, пет камиони, возила на полицијата и царината вчера попладнево влегоа во просториите на поранешната фабрика ОХИС, каде што од вчеравечер се спроведува полициската акција која е поврзана со 5-те тони

На Зимските олимписки игри ќе нема агенти на ICE- заканите со протести ги одвратија

Ниту еден агент на американската Служба за имиграција и царинска контрола (ICE) не ја обезбедува американската олимписка делегација на Зимските олимписки игри Милано-Кортина, изјави денес за новинарите висок безбедносен службеник на Олимпискиот

На чичко Драги од Рекорд му е потребна помош: Го чекаат две операции, се наоѓа во болница

Драги Паровски, познат како Чичко Драги од Рекорд, повеќе од 30 години продава дре­бу­лии на својата тезга кај „Рекорд. По операцијата на рак на грло која ја имаше пред неколку години, чичко
Go toTop