Лефков: Штаб на СДС сместен во куќата на судијката која го спасила возачот убиец од затвор за дрога

February 2, 2025
1 min read

Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција истакна дека штаб на СДСМ бил сместен во куќата на судијката која го спасила возачот убиец од затвор за дрога.

„Ова се фотографии од куќа сопственост на таткото на судијката Даниела Алексовска Стојановска, во која е сместен штабот на СДС во Ранковце.

Судијата Даниела Алексовска Стојановска која требало да биде непристрасна и без партиски влијанија, не само што во нејзината кариера била пристрасна и работела по налог на СДС, туку во нејзиниот дом го сместила и општинскиот штаб на СДС во Ранковце.

Близината на судијката Даниела Алексовска Стојановска со СДС се гледа не само по нејзините пресуди против ВМРО-ДПМНЕ, туку и по тоа што на истите им отстапила простор за партиски штаб.

Очигледна е симпатијата на судијката Алексовска Стојановска кон СДС, штом како судија се дрзнала да отстапи простор за партиски штаб во нејзиниот дом.

Ова се судиите на СДС, заради кои се потребни итни реформи во судството. Одговорност за слепите послушници на СДС во правосудството кои зацрнија цели семејства мора да има“, вели Лефков.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

За две децении повеќе од 200.000 граѓани се отселиле од Македонија

Следно

Во тек повеќе полициски акции во Македонија, вклучен и меѓународен истражен тим

Latest from Blog

Почнува проектот Forest Fire Struga, финансиран во рамки на Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија

Почетен настан од проектот Forest Fire Struga (FFS) ќе биде организиран денеска во Скопје, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување која е координатор на проектот. -Проектот Forest Fire Struga (FFS) е финансиран

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не
Go toTop