Лефков: Кој се престојувал во луксузниот трособен стан во Виена со Бисера Антоанета, ја водела ли и другарката на државен трошок на шетање?

August 29, 2024
1 min read

Бисера Антоанета призна дека изнајмила луксузен трособен стан во Виена за четири ноќи, за 1200 евра со поглед на виенскиот парк, рече на денешната прес-конференција пратеникот Миле Лефков.

Плаќањето преку апликацијата Букинг го објавивме вчера, а денес објавуваме кој го резервирал станот за Антоанета и на чие име е резервацијата. Ова е првата страна од копијата од резервацијата која лично Антоанета ја поднела во Министерството за култура со цел да ги оправда потрошени пари од службената картичка. А на резервацијата се гледа дека е направена од Марија Магдалена Петковска Микаровска, професорка по англиски јазик од Битола, другарка на Бисера Антоанета. Се поставува прашањето дали Бисера Антоанета изнајмила луксузен трособен стан во Виена за четири ноќи наместо хотел кој е далеку поевтин, за со неа да ја шета и нејзината другарка со народни пари? Зошто Бисера Антоанета службената картичка си ја користела за приватни прошетки и забава? Кој се патувал со Бисера Антоанета на државен трошок во Виена и кој се спиел во луксузниот трособен стан? Праша, Лефков.

Утре продолжуваме со нови детали за патувањето на Антоанета во Виена и трошењето народни пари, додаде Лефков.

ВМРО-ДПМНЕ

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Доживотен затвор за политичар од Невада за убиство на новинар

Следно

Гулабите не се лажат како гласачите

Latest from Blog

Венецуелскиот опозициски лидер ослободен од притвор по осум месеци

Гуанипа, еден од најблиските соработници на опозициската лидерка Марија Корина Мачадо, беше во притвор во главниот град Каракас. „Денес сме ослободени. Има многу да се зборува за сегашноста и иднината на Венецуела,

Минчев: Крај на партизацијата, законот за висока раководна служба воведува мерит-систем

По првичните реакции од јавноста и невладиниот сектор во врска со Предлог-законот за висока раководна служба, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во Дневникот на Сител телевизија, појасни дека станува збор за

Драган Ковачки – од армиски офицер и воен разузнавач до прв оперативец на ВМРО

Ковачки бил долгогодишен армиски офицер, кој извршувал разни должности во воената служба за безбедност. Тој ги отфрла обвинувањата на опозицијата дека дезертирал и дека не добил НАТО безбедносен сертификат поради контакти со

Лекари: Состојбата на генералот Алексеев е сериозна, но стабилна, не е во животна опасност

„Неговата состојба е сериозна, но стабилна. Нема опасност по неговиот живот и тој е свесен“, изјави неименуван извор. Генерал-потполковник Алексеев, прв заменик-началник на Генералштабот на руските вооружени сили, беше убиен во станбена

Д-р Чибишев: Ова со марихуаната е невиден криминал, категорично бев против легализацијата и сум бил во право!

Во 2015 година кога се праваше притисок за легализирање на марихуаната, односно маслото од канабис, и кога дел од јавноста сметаше дека тоа е можеби спасоносно решение за болните од рак, што
Go toTop