Лефков: Буџетот за 2025 е развоен и има за цел економска трансформација на Македонија

November 15, 2024
1 min read

Буџетот за 2025 година кој го предлага Владата на ВМРО-ДПМНЕ е развоен и има за цел економска трансформација на Македонија, изјави на денешната прес-конференицја Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Со Буџетот се има за цел да се подржи економскиот раст, кој е проектиран на 3.7%.

За разлика од времето на СДС и ДУИ, со напорна работа на Владата на ВМРО-ДПМНЕ за само неколку месеци имаме реално зголемување на приходите од даноци и царини уште оваа година, а тоа е проектирано да се прелее и во 2025 година.

Со Буџетот се проектира раст на приходите од ДДВ за 10.5% повеќе од сега. Додека растот на приходите од царини ќе биде 20%.

Зголемените приходи во Буџетот ќе значат повеќе пари за народот.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ за 2025 година со буџетот предвидува повисоки плати за наставниците и образовните работници од основното до високото образование. Ќе има повеќе за сите.

Покачување ќе добијат и здравствените работници, државната администрација и  полицијата.

Во 2025 година следува и второто зголемување на пензиите од 2500 денари за сите пензионери.

Покрај тоа што Владата зголемува во делот на средствата кои одат директно кај народот, истата проектира намалување во ставката набавка на стоки и услуги за 0.5%.

2025 година ќе биде развојна година, со многу инвестиции, развој на компаниите и зголемена благостојба за граѓаните.

Владата договори 8 нови странски инвестиции, кои се договорени за помалку од 5 месеци. Темпото за нови инвестиции продолжува и во 2025 година.

ВМРО-ДПМНЕ работи на забрзана трансформација на државата“, вели Лефков.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Внукот на таткото на Вања: Му пишав на Илон Маск за да го смирам вујко ми

Следно

Лимани: Градинката „Младост“, Тетово доби 42 нови вработувања, со новиот објект „Рилиндја“ листите на чекање за упис во градинка ќе бидат минато

Latest from Blog

Пакистан и Кина го претставија мировниот план за Блискиот исток во пет точки

Кина и Пакистан објавија план од пет точки за „враќање на мирот и стабилноста во регионот на Персискиот Залив и Блискиот Исток“. Планот произлезе од денешниот состанок на министрите за надворешни работи

ВМРО-ДПМНЕ: Дали некој ќе понесе одговорност за работењето на СЈО?

ВМРО-ДПМНЕ со остра реакција упати серија обвинувања кон поранешни обвинители поврзани со поранешното Специјално јавно обвинителство, повикувајќи ги, како што наведуваат, да се соочат со сопствената одговорност пред да реагираат за најавеното

„Пред да се навредат обвинителите на Заев како Ленче Ристоска што им се одземаат предмети нека помислат дали треба и кривично да одговараат за кражба на народни пари преку СЈО“

Пред да се навредат обвинителите на Зоран Заев на чело со Гаврил Бубевски, Ленче Ристоска, Лиле Стефанова и останатите платеници за политички прогон, што е најавено одземање на предметите на кои работат,
Go toTop