Лефков: Блиски луѓе на Груби трупаат милионски бизниси и имот додека народот осиромашува

February 18, 2023
1 min read

СДС и ДУИ ги претвораат државните институции во подружници на нивните фирми, државниот апарат се користи за да се создадат добри бизнис услови за фирмите на луѓето од власта, а да се оневозможи развојот на сите други.

Денес ќе отпочнеме со објавување докази како Артан Груби, премиер од сенка, кој го држи Ковачевски на краток ланец, се богати на грбот на институциите со кои управува тој или нему блиски сопартијци.

Семејството Груби трупа милионски бизниси и имот, додека народот осиромашува, болни се молат за лек, ученици за книги, а сиромасите за храна, сето тоа го прави преку братот на Артан Груби, Ветон Груби, сопственик на ЕТЦ Травел. Ветон Груби е човекот околу кој семејството Груби го трупа своето богатство. Со Ветон Груби директно или индиректно се поврзани повеќе бизниси, како што е и бизнисот со баждарење на инструментите за точење на нафтени деривати и гас. Да почнеме со ред.

На 16.09.2021 година, од страна на Ермир Имами од Дебар, вработен во ЕТЦ Травел сопственост на Ветон Груби, брат на Артан Груби, е основана фирмата за баждарење на пиштолите за точење на гориво на бензински пумпи Метролаб.

Метролаб, за краток временски период, односно на 02.02.2022 година, само 4 месеци по основањето, добива акредитација за вршење на инспекција на мерила за зафатнина и проток на течни горива и течен нафтен гас – баждарење на пумпи, акредитацијата ја дава Бирото за метрологија, каде директор е Мерита Мустафаи, кадар на ДУИ. Ова е Мустафаи.

Одлуката за висината и начинот на наплатување на надоместокот за услугите што ги врши Бирото за метрологија е менувана два пати во последните 2 години, и тоа првиот пат непосредно пред да се отвори фирмата Метролаб од вработениот кај Груби, која ја потпишал лично Артан Груби, и вториот пар пред една година, потпишано од страна на Фатмир Битиќи. Ова се тие одлуки.
ОДЛУКА-ЗА-ИЗМЕНУВАЊЕ-НА-ОДЛУКАТА-ЗА-ВИСИНАТА-И-НАЧИНОТ…-ЊЕ…УГИТЕ-ШТИ-ГИ-ВРШИ-БИРОТО-ЗА-МЕТРОЛОГИЈА-И-ОВЛАСТЕНОТО-ПРАВНО-ЛИЦЕ (1)

 

Сопственикот на Метролаб, вработен кај братот на Груби, иако газда на фирмата за баждарење, останува шалтерски вработен кај Груби една година по основањето на фирмата, а си заминува од истата неколку недели пред измена на Одлуката за висината и начинот на наплатување на надоместокот за услугите кои ги врши Бирото за метрологија и овластено лице.

Чекаме одговори:

Дали Артан Груби влијаел два пати во две години да се измени одлука за висината на наплатата за фирмите кои вршат баждарење на инструментите за точење на нафтени деривати и гас на бензинските пумпи, и дали тоа го направил за подобра позиција на Метролаб, основана од вработен кај неговиот брат?

Дали Ермир Имами, кој бил шалтерски работник во ЕТЦ Травел кај Груби ја формирал фирмата Метролаб затоа што знаел за измените и дали зад сето ова се крие и интерес на семејството Груби?

Во наредните неколку дена ќе продолжиме со објавување на докази и аргументи за бизнис империјата на Груби, и нему блиски лица.

Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

И после 300 часа, чуда продолжуваат да се случуваат во Турција: Од под урнатините извлечени три лица меѓу кои и дете

Следно

Мицкоски: Покриеноста на увозот со извозот во 2022 година е најмала во последните 8 години

Latest from Blog

Еве кои трошат повеќе од милијарда евра на слатки и чоколади

Финците потрошиле повеќе од милијарда евра на слатки и чоколади минатата година, покажуваат податоците на „С група“. Истовремено, се зголемила побарувачката за слатки на мерење, додека побарувачката за чоколада се намалила поради

Гвардиола: Кога ќе се пензионирам ќе патувам, ќе готвам и ќе седам дома

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, во очекување на дербито со Ливерпул, пред новинарите зборуваше и за своите планови по пензионирањето од тренерската кариера. „Сакам да почнам да готвам. Нема повеќе ресторани…

Хаос на аеродромите во САД: Повеќе од 700 летови откажани поради затворање на владата

Повеќе од 700 летови низ САД беа откажани денес, бидејќи Федералната администрација за авијација (FAA) продолжува да го ограничува капацитетот на летови на 40 од најголемите аеродроми во земјата поради затворање на

Кардиохирурзите Колев и Џелили на обука во Клиниката за кардиохирургија во Бордо

Кардиохирурзите при ЈЗУ Клиника за кардиохирургија, Скопје, Александар Колев и Кујтим Џелили престојуваат на Универзитетската болница за кардиохирургија во Бордо, Франција, каде учествуваат на работилница за запознавање и обука со некои од
Go toTop