Лефков: Бисера Антоанета со службена картичка купила два авионски билети за Лондон од 44.900 денари, а потоа не заминала на пат, парите пропаднале

September 1, 2024
1 min read

Бисера Антоанета не можела да стигне секаде каде што сакала, трошела пари на авионски билети, плаќала со службена картичка, а потоа не одела на пат, парите пропаѓале. Ова не е случај само со 3000 евра платени за карти за Дубаи, тоа е случај и за две авионски карти платени за Лондон, потенцира Миле Лефков, пратеник, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Бисера Антоанета платила две авионски карти на релација Приштина – Лондон во еден правец во висина од 44.900 илјади денари, а потоа не заминала на пат и парите пропаднале.

Иако патувањето не се реализирало, Бисера Антоанета ги оправдала потрошените пари со купените карти.

Не е првпат Бисера Антоанета да купува авионски билети и за илјадници евра, а потоа да не го реализира патувањето. Многу логично се поставува прашањето, ако истата работела според план и програма, тогаш многу лесно ќе се предвидело каде може да отиде, а каде не, очигледно е дека Бисера Антоанета сама како ќе и текне си резервирала карти и плаќала илјадници евра само затоа што мислела дека може и сакала да прошета секаде.

Ова е раскалашено однесување и доказ како СДС ја ограбувале државата.

Утре продолжуваме со нови сознанија од серијалот Бисера Антонаета, додава Лефков.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Томески: Изгаснат е пожарот во планинарскиот дом на Водно

Следно

Ангелов: Пожари на две места на Водно и искршено стакло на продавница

Latest from Blog

Отворен тренинг за сите – Омерагиќ со покана до јавноста

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти
Go toTop